Нагласуваат дека барањата на ССМ и работниците се прифатени од социјалните партнери, а се поддржани и од пратениците кои најавија дека ќе гласаат за, со што, како што велат, се постигна целта и без да го одржиме најавениот собир за поддршка на пратениците пред Собранието.
На првата средба на директорите на железничките претпријатија за железничка инфраструктура од регионот се разговара за поврзувањето и за идните планови во делот на железничката инфраструктура.
Согласно новата Пргограма за поддршка што беше усвоена на вчерашната владина седница, тие ќе можат да бараат грантови од 10.000 евра за опрема и за консултантски, енолошки услуги
Следен предизвик за Технолошко-индустриската развојна зона (ТИРЗ) Тетово и Владата ќе биде создавање на таканаречена „Зелена зона“ со дополнителни инвестиции во капацитети за производство на електрична енергија од обновливи извори
Со воведувањето на кризната состојба, Македонија успешно ја менаџира енергетската криза и во споредба со другите држави од соседство има потрошени многу помалку пари, оцени министерот за економија Крешник Бектеши во одговор на новинарско прашање за состојбите во енергетиката по денешната негова посета на Технолошко развојната зона во Тетово
Пречки за остварувањето на економската соработка не гледаат 89,3 отсто од компаниите, но, 10,7 велат дека има и оти се однесуваат на долгите чекања на границите, голем број давачки и преголемиот број административни документи и сметаат дека тоа е нешто што во иднина треба да се промени
Министерот за економија Крешник Бектеши денеска ја врачи употребната дозвола за новиот производствен погон на американската компанија Леар и Нормак инвестмент груп во Технолошко – индустриската развојна зона во Тетово
Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) ја поздравува поддршката од ВМРО-ДПМНЕ за минималната плата, но и дека ќе бара почитување на колективните договори и коефициентите на сложеност на работните места како и примена на членот 8 од Законот за минималната плата
Потсети дека во 2014 година минималната плата изнесуваше 8.800 денари, а во март годинава, додаде, ќе изнесува 18 илјади денари, односно ќе биде повеќе од двојно повисока
Утре, 10.02.2022 е последен ден за јавноста да гласа за своите омилени е-трговци кои се номинираа на изборот за најдобрите во македонската е-трговија на првите награди за е-трговија Ecommerce Awards, организирани од Асоцијацијата за е-трговија на Македонија