Премиерот Димитар Ковачевски вели дека Владата постојано носи одлуки кои ќе овозможат непрекинато снабдување на електрична енергија во целата земја, но и одлуки кои нема да дозволат ценовен шок за граѓаните од зголемувањето на цената на струјата
Македонска берза за првпат објави „Водич за известување за прашања поврзани со животната средина, општествени прашања и управување“ за котираните компании или „Водич за ESG известување“ (ESG – Environmental, Social and Governance), соопштија од Македонска берза
Минималната плата ќе продолжи да расте и системското решение ќе дојде преку дијалог со сите засегнати страни, а решението кое би било предложено секако подразбира одржливост на подолг рок за пораст на минималната плата во согласност со порастот на трошоците на живот и растот на просечните плати
Цената на бензините од ноќеска на полноќ се зголемува за еден денар по литар, а дизел горивата поскапуваат за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги
Премиерот Димитар Ковачевски вели дека ќе има зголемување на минималната плата, но оти тоа треба да се направи низ економско-социјален дијалог со сите засегнати страни и во консултација и со синдикатите и работодавачите
Во среда е закажан Економско-социјалниот совет на кој ќе се одлучува за барањата на синдикатот за зголемување на минималната плата на 18.000 денари и спирално зголемување на сите останти плати и за враќање на правото за регрес на годишен одмор за сите вработени во јавниот сектор
Обезбедувањето стручен кадар за бизнисот е прашање број еден и така мора да се третира од сите субјекти, не само од државата. Без кадар нема бизнис, без бизнис нема нова вредност, а без нова вредност нема враќање долгови, ниту развој од 4 до 7 отсто за каков што сонуваме, порача денеска претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески
Трендот на намалување на просечната каматна стапка на вкупните кредити продолжи и во декември 2021 година, кога се сведе на ниво од 4,37 отсто. Просечната каматна стапка на вкупните депозити изнесува 0,74 отсто, информира Народната банка
Бројот на работниците во индустријата лани во декември е намален за 3,2 отсто во споредба со истиот месец 2020 година, а на годишно ниво во 2021 година има намалување од 2,4 отсто во однос на 2020 година
Индустриското производство лани во декември е намалено за 4,9 отсто во споредба со истиот месец од 2020 година, а во привите 12 месеци од 2021 година е повисоко за 1,4 отсто во споредба со истиот период од претходната година