Народната банка е втора централна банка во светот, за којашто ММФ направи оцена на применуваните практики за транспарентноста, со предвидените принципи во рамки на ревидираниот Кодекс на транспарентноста на ММФ, донесен во јули 2020 година
Согласно Правилникот за утврдување на квалитетот на испорачаната топлинска енергија, потрошувачите кај кои е констатирано со решение од страна на комисијата за проверка на квалитет на испорачаната топлинска енергија дека имаат неквалитетна испорака на топлинска енергија треба да добијат пониски сметки, информира Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги
Во соопштението на РБСМ се посолува дека во однос на претходната година, вкупната актива на Банката е зголемена за 21 отсто и изнесува 16,1 милијарда денари, со соодветен раст на кредитното портфолио од 19 проценти, на портфолиото од кредитното осигурување од 38 отсто и на факторингот од 11 проценти
За ова в понеделник е закажан состанок во Владата меѓу раководството на Сојузот на синдикати на Македонија и владини претставници
Владата вчера донесе одлука до 28 февруари 2022 година да продолжи важноста на мерката, која почна да се применува од 6 декември 2021, за определување највисоки цени на основните прехранбени производи – лебот, шеќерот, брашното – тип 400, сончогледовото масло за јадење, трајното млеко со масленост од 2,8, 3,2 и 3,5 проценти, свежото месо и сувомеснатите производи, сирењето и урдата, оризот, јајцата и тестенините
Тој нагласи дека стои на ставот оти секое битно решение за работниците, но и за работодавачите, е можно само преку Економско социјалниот совет и преку дијалог на социјалните партнери.
Владата на денешната осма седница ја донесе Програмата за економски реформи (ПЕР 2022 – 2024), во која се идентификувани клучните предизвици коишто треба да ја зајакнат конкурентноста и растот на економијата.
– Оваа интервентна мерка на пазарот, која започна да се применува од 6 декември 2021 година ќе продолжи да се применува до 28 февруари 2022 година, се додава во соопштението.
Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар минатиот месец биле повисоки за 1,3 проценти на месечно и за 15 проценти на годишно ниво, објави денеска Државниот завод за статистика.
Од Владата тогаш најавија дека одлуката за определување највисоки цени на основни прехранбени производи, може да биде продолжена и по 31 јануари 2022 година ако тоа и натаму го бара состојбата на пазарот