Петгодишниот мандат на новите членови ќе почне откако ќе добијат согласност од Централната банка на Словенија, а дотогаш ќе продолжат да ги извршуваат функциите – извршни помошници на Управниот одбор.
Вкупните депозити лани во декември се повисоки за 7,8 отсто на годишна основа, при раст кај двата сектора, поизразен кај секторот домаќинства, а вкупните кредити бележат раст од 8,3 отсто, при зголемено кредитирање кај двата сектора, со поголем придонес од корпоративниот сектор
Апелацискиот суд во Штип ја усвои жалбата на Сојузот на синдикати на Македонија и решението на Основниот суд за предметот преку кој работниците како предлагачи побараа отварање на стечајна постапка над должникот – фабриката за чевли АД „Баргала“. Сојузот на синдикатите на Македонија преку писмено соопштение информираат дека предметот е вратен на повторно судење во Основниот суд во Штип
Владата ќе префрли шест милиони евра на сметката на АД ЕСМ за да го преземе управувањето, дистрибуцијата, снабдувањето и производството на топлинска енергија за град Скопје за целата грејна сезона од моменталниот носител на лиценцата БЕГ, потврди денеска министерот за економија Крешник Бектеши
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во ноември 2021 година, изнесувала 29 130 денари, а во однос на ноември 2020 година, е зголемена за 5,6 отсто, објави денеска Државниот завод за статистика
Во делот на економијата најверојатно ќе можеме многу лесно да се усогласиме на меѓувладината седница што во вторник ќе се одржи во Софија, посочи денеска министерот за економија Крешник Бектеши
Тековнава 2022 година ќе биде рекордна година во делот на капитални инвестиции и ќе имаме економски бум доколку во првиот квартал се надмине енергетската и економската криза, порача денеска министерот за економија Крешник Бектеши
Работници од 62 фирми низ земјава пријавиле до НВО „Гласен текстилец“ дека не им е исплатено или добиле минимален износ од 100 или 500 денари регрес за годишен одмор, познат како К-15
Откако Владата вчера го одобри текстот на Договорот за деловно-техничка соработка, со кој се регулираат меѓусебните права на Производство на топлина Балкан Енерџи (БЕГ) и Електрани на Македонија (АД ЕСМ), од денеска ЕСМ треба да го преземе управувањето со топлинската енергија
Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски вечерва најави дека во вторник на заедничката седница на владите на Македонија и Бугарија ќе продолжат разговорите за авиолинијата Скопје-Софија и оти ќе се бара компанија која ќе спроведува исплатливи рути