Денарот е стабилен. Да бидеме внимателни со шпекулациите за девизниот курс на денарот затоа што тие не му користат никому. Народната банка има доволно инструменти да го заштити денарот, порача денеска министерот за финансии Фатмир Бесими.
Вкупниот промет во индустријата во октомври годинава е зголемен за 2,0 отсто во споредба со истиот период лани, додека во однос на септември 2021 година бележи пад од 0,9 отсто
Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во ноември 2021 година е намален за 0.2 процентни поени во однос на октомври 2021 година и изнесува 14.5, а во однос на ноември 2020 година е зголемен за 1 процентен поен, објави денеска Државниот завод за статистика
Вицепремиерот Битиќи и директорите Петров, Деспотовски и Павлески едногласно се согласија дека оваа дигитална алатка ќе ја подобри уште повеќе транспарентноста на институциите и ќе ја олесни комуникацијата и пристапот до информации на домашните и странските компании и инвеститорите за мерките за државна помош
Прометот од продажбата на услугите во третото тримесечје од 2021 година покажува зголемување во однос на третото тримесечје од 2020 година за 5,5, објави денеска Државниот завод за статистика
Поголема конкурентност на домашните компании, зголемување на извозот, зголемено ангажирање на работна сила, отворање на нови работни места, вклучување на глобални синџири за создавање на додадена вредност и забрзување на економскиот раст на државата ќе предизвика Предлог-законот за изменување на Законот за Царинската тарифа што вчера беше усвоен од Владата
Mонетарната политика е соодветна на макроекономските услови. Неизвесноста и ризиците од понатамошниот тек на пандемијата предизвикана од Ковид-19 и понатаму постојат, оцени Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка
Во Собранието денеска е претпоследниот ден од расправата за Предлог-буџетот за 2022 година
– Некаде потребите на малите потрошувачи, домакинствата ќе бидат околу три ипол гигават часови во 2022 и јас верувам дека ЕСМ е способен со своите сопствени ресурси да го обезбеди ова производство, истакна директорот на РКЕ.
– Како посебен заклучок по оваа точка, Владата одлучи да достави допис до Собранието на Република Македонија со барање за член на овој Комитет да биде номиниран и претставник на најголемата опозициска партија, информираат од Владата.