Осигурителните компании во првите девет месеци од годинава исплатиле 47 милиони евра за неживотно осигирување. Исплатени се над 55 илјади штети што е за 20 проценти повеќе во однос на истиот период минатата година.
Стопанската комора на Македонија, која работи на процесот на дигитализација со цел да им излезе во пресрет на барањата на нејзините членки, до октомври годинава има издадено 646 е-сертификати за потекло кои им се потребни на компаниите за извоз на нивните производи.
Сојузот на синдикати на Македонија бара од надлежните институции да ги преземат сите мерки за работниците од фабриката за шински возила од Велес да ги добијат заостанатите плати.
Бизнис конфедерацијата на Македонија по повод 20-годишнината од постоењето денеска организира конференција со бизнис заедницата, претставници од Владата и меѓународните организации под мотото „20 години БКМ во функција на бизнисот”.
Министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на АД ЕСМ, Васко Ковачевски денеска ќе престојуваат во официјална посета на Косово каде ќе остварат средба со министерката за економија Артане Ризваноли.
„Топ 100“ компаниите членки на Стопанската комора на Северозападна Македонија во 2020 година и покрај здравствено-економската криза овие компании продуцирале поголем промет, извоз, зголемен број на вработени и повисок профит во однос на 2019 година. Како Топ 5 компании денеска беа прогласени „Кипер“, „АТС Груп“, „Пуцко Петрол“, „Даути Комерц„ и „ПО ФИКС“
Самостојниот синдикат на индивидуалните земјоделски производители (ССИЗП) од Кочани бара поддршка од Владата заради надминување на сериозните финансиски тешкотии и проблемите со ликвидноста на земјоделците, посебно кај оризопроизводителите, предизвикани од лошите откупни политики и влијанието на ковид пандемијата
АД ЕСМ попладнево соопшти дека не доставиле понуда до универзалниот снабдувач ЕВН Хоум затоа што одлуката од Владата во однос на препорачаната цена и количините на струја била за шест месеци, а тендерот на ЕВН Хоум е за 12-месечен период
Тутунарот има просечен месечен приход од 416 евра. Доколку се земе предвид дека на четиричлено семејство му се потребни просечно 552 евра за покривање на основните месечни трошоци, колку што изнесуваше вредноста на минимална потрошувачка кошничка за домаќинствата во април 2021 година, едно тутунско домаќинство има 136 евра помалку од тоа што му е потребно за да преживее месечно
Од наредната година во земјава се очекува зголемено присуство на туристи од Молдавија. Потврда за заинтересираноста на молдавските туристи за летување е присуството на 15 тур-оператори од таа земја кои се на средби со туристичките претставници од Македонија