Со оваа транша, се обезбедува поддршка на 50 проекти на домашни мали и средни компании и средно-пазарнокапитализирани компании кои ќе вработат нови 90 лица.
Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Никица Бачовски денеска во скопско Стајковци го посети земјоделското стопанство „Еко – Фарм 2017“ кое има добиено финансиска поддршка за набавка на трактор
Од 1 до 3 декември ќе се одржи петтото издание на „Деновите на финансиска писменост“, што ги организираат финансиските регулаторни институции во соработка со приватните финансиски компании
На пазарот на труд има недостиг на квалификувана работна сила, драстично поголема понуда од побарувачката за одредени занимања и дефицит на работна сила со средни вештини, покажува истражувањето на Меѓународната организација на трудот и „Finance Think“ спроведено во девет општини во земјава и тоа во Битола, Кичево, Куманово, Ресен, Свети Николе, Струга, Струмица, Тетово и Штип
Телекомуникациската компанија Телеком денеска соопшти дека продолжува со активности за поставување 5G мрежа на целата територија на државава. Во тек е, информираат, интензивна работа на терен со партнерот Ериксон за замена на постоечката технологија со опрема од најновата генерација којашто ќе овозможи 5G услуги, поголем капацитет и подобро корисничко искуство
Од денеска започнува исплатата на ноемвриските пензии кои ќе се исплаќаат етапно со цел поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот
Делегација на Стопанската комора на Македонија предводена од претседателот Бранко Азески денеска ќе престојува во работна посета на Кавадарци, каде е планирано да се сретне со градоначалникот Митко Јанчев и со раководствата на „Еуроникел“ и на Регионалната комора во Кавадарци
Собраниската Комисија за финансирање и буџет ќе го одржи последниот ден од општата расправа за Предлог-буџетот за следната година, а утре треба почне амандманската расправа која се очекува да заврши в среда. За Предлог-буџетот се поднесени вкупно 223 амандмани
Претседателите на синдикатите на машинскиот и извршен персонал во Железници на РМ Транспорт, Тони Димовски и Душко Чакаровски за денеска од 7 часот најавија прекин на железничкиот сообраќај, поради неисплатен втор дел од платата за октомври
Владата на денешната 121 седница, даде согласност на „Електрани на Македонија“ (ЕСМ) да го активира со работа ТЕЦ „Неготино“ за времено дополнително производство на електрична енергија во услови на енергетска криза.