– Ако имаме некаде консензус, тоа се капиталните инвестиции. Треба волја и начин како тие да се реализираат. И мене како опозициски пратеник ќе ме радува доколку имаме поголема реализација на капиталните инвестиции, рече Петрушевски.
Во организација на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија, на 12 ноември се одржа Четвртата конференција за е-трговија, во хибриден формат, односно со истовремено физичко и онлајн присуство.
Заштитата на здравјето на граѓаните е највисок приоритет во услови на пандемија и тоа може да се постигне со сеопфатни, интегрирани и добро испланирани мерки како и со континуирано унапредување на квалитетот на здравствената заштита.
Претставници на Амбасадата на Германија, предводени од заменик-амбасадорот Ото Граф беа во посета на производствените капацитети на „Костал Македонија“ во Охрид, по повод одбележувањето на петгодишнината од доаѓањето на Групацијата „Костал“ во земјата
Во финална фаза се процедурите од тендерската постапка за изградба на железничката пруга од Коридорот 8, порача денеска од Штип министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски. За двете делници во игра се осум компании
Секојдневно правиме анализи и во моментов немаме податоци дека може да се случи ценовен шок. Како што направивме пред една година ќе направиме пак во делот на преземање на соодветни мерки согласно Законот за трговија и согласно надлежностите што ги има Министерството за економија ако дојде до тоа, порача денеска министерот за економија Крешник Бектеши
Владата деновиве ќе исплати 300 милиони денари поддршка на 19.060 тутунари во рамки на пакетот за намалување на последиците предизвикани од КОВИД-19
Капиталните инвестиции во Предлог-буџетот за 2022 година се планирани во износ 37.8 милијарди денари кои се околу 27 проценти повеќе во однос на 2021 година, истакна на денешната прес-конференција владиниот портпарол Муамет Хоџа
Проектираниот раст од 4,6 % во 2022 година се базира на зголемување на бруто инвестициите за 8,5 %, зголемување на капиталните расходи за 27 %, како и остварената реализација на капиталните расходи која е подобра од овој период минатата година, како и веројатноста таа да се подобри до крајот на годината
Министерот за економија Крешник Бектеши смета дека АД ЕСМ не го прекрши Законот за енергетика со тоа што не достави понуда на првиот повик на универзалниот снабдувач ЕВН Хоум за набавка на потребните количини на електрична енергија за потребите на домаќинствата и малите потрошувачи за првите шест месеци од наредната година