Стопанската комора на Македонија бара да се воведе задолжителната вакцинација и во приватниот сектор
Против најновите мерки што ги предлага Комисијата за заразни болести реагира и Сојузот на синдикати на Македонија. Оттаму наведуваат дека вакцинацијата мора да биде резултат на лична определба на работниците и не смее да се спроведува со присила
Потребен е поповолен даночен третман на иновативните тутунски производи, истакна академик Таки Фити на научната дискусија по повод завршувањето на мултидисциплинарниот проект „Социјален пристап и прифаќање на намалување на штети преку наука и истражување“ што се одржа во Македонската академија на науки и уметности
Ќе се бара одговорност од сите кои нема да ги исполнат плановите што ги доставиле до Владата за производство на електрична енергија до крајот на годината, најави денеска министерот за економија Крешник Бектеши
Креирање понуди за мали групи туристи кои сакаат неоткриени дестинации и кои повеќе трошат, нови атрактивни локации и викенд пакети, развивање еко и рурален труизам, вложување во сместувачки капацитети, во услуги, но и во соодветни кадри
Делегација на јапонскиот производител „Мицубиши“ ги посети АД ЕСМ и Подружницата РЕК Битола со цел испитување на можностите за изградба на гасна електрана со моќност од 250 MW во кругот на РЕК Битола, соопшти АД Електрани на Македонија
Буџетот на Министерството за економија за 2022 година е предвидено да изнесува 1,24 милијарди денари од кои 151 милиони денари се предвидени за плати и надоместоци на вработените, 733 милиони денари за капитални расходи, што е за скоро четири пати повеќе споредено со 2021 година, а 214 милиони денари за субвенции
Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) денеска на прес-конференција ќе претстави осврт на резултатите од тековната година, проектираните активности и доделениот предлог буџет од страна на Владата за 2022 година
Десетто јубилејно издание на Самитот на организацијата Македонија2025 ќе се одржи задутре во Скопје, а централна тема ќе биде дигитализацијата.
Околу 20 отсто од потрошувачите во Србија купуваат македонски производи, најчесто вино, ајвар и свежо овошје и зеленчук, покажа истражувањето на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот.