За 2022 година планираме развоен Буџет, со повисоки капитални инвестиции од дефицитот, и насоченост на парите според политики што ќе дадат поголем ефект кај граѓаните, бидејќи тоа се пари на граѓаните, што значи дека ќе се добие „вредност за парите, вели министерот за финансии, Фатмир Бесими
Министерот за економија Крешник Бектеши соопшти дека се интензивираат постапките за зголемување на државните капацитети за производство на електрична енергија. Од тетовското село Прељубиште тој информираше дека денеска надлежната Комисија ја донесе формалната одлука која ќе биде предложена до Владата за прогласување енергетска кризна состојба
Директорот на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) Коста Петров денеска го посети „Х Фактор” Акцелераторот во Велес за да се запознае со неговите тековни активности и планираните инвестиции за наредниот период
Туристичкиот сектор ќе биде еден од столбовите што многу брзо ќе донесе девизен прилив и ќе и овозможи на економијата дополнителни средства кои можеби ќе бидат неколку пати поголеми од предвидениот раст
Осум банки досега се вклучија во државната гарантна шема на Развојната банка со потпишување на договор за издавање на портфолио гаранција од Гарантниот фонд
Според Владанка Трајкоска, претседател на Организацијата на работодавачи на Македонија, ги слушнале размислувањата на компаниите и е направена анкета меѓу работодавачите за минималната плата, која се смета дека ќе го натера образованиот кадар да замине од земјава
Македонија, Србија и Албанија на денешната средба во Белград на „Отворен Балкан“, преставени од претседателот Александар Вучиќ, премиерот Еди Рама и вицепремиерот Никола Димитров, порачаа дека „Отворен Балкан“ е исклучителна иницијатива и договорија формирање Имплементационен совет за координирање на досега договореното, таму каде е затаено за функционирањето на слободниот проток на луѓе, стоки и услуги
Кромберг и Шуберт“ – Битола, Млекара АД – Битола и Риве Шпед – Богданци се трите ккомпании во земјава најдобро рангирани согласно Националната награда на компанија со најдобра пракса за безбедност и здравје при работа 2021 година
Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) е еден од главните двигатели на стартап екосистемот во Македонија, а како примарен ресурс за финансирање за повеќето стартапи и акцелератори во земјата, оваа институција презема водечка улога во поттикнувањето на развојот на стартапите во земјата, заедно со Стартап Македонија
Раст на македонската економијата од четити отсто за годинава и за 2022, предвидува Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во најновиот извештај за економските перспективи на земјите од Западен Балкан