Здружението „Гласен Текстилец“-Штип најостро реагира на новиот предлог Закон за административни службеници на Министерството за информатичко општество и администрација во кое се менува полното работно време на административните службеници за кое досегашните 40 часа неделно, се менуваат на 36 часа неделно односно осум часа дневно од понеделник до четврток и четири часа дневно во петок
Владата на Република Македонија вложува во реконструкција и изградба на современи и безбедни патишта кои го променија изгледот на Истокот.
Во наредните пет до седум години целосно ќе го трансформираме енергетскиот сектор во земјата и ќе се реализираат голем број на инвестиции во обновливите извори на енергија, истакна вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи на форумот „Стратешки економски разговори“, што се одржува во местото Савудрија на Истра во Хрватска
„Пивара“ Скопје денеска ги промовираше новите деловни простории кои се дел од новиот двојно поголем двегодишен инвестициски план на компанијата. Овие простории ќе бидат отворени и за заедницата, посебно за младите луѓе.
Според АСО, пет осигурителни компании исплатија 281,3 милиони денари за осигурување живот на свои осигуреници во првите шест месеци годинава.
Банкарскиот сектор работи во услови на неизвесност, но помалку нагласена поради подобрената епидемиолошка состојба и последователното укинување на рестриктивните мерки. Солвентноста на банкарскиот систем бележи подобрување, оценува Советот на Народната банка.
Под мотото „Нови можности“ и под слоганот „Дом на секој чекор“ оваа година Северна Македонија со сопствен павилјон ќе биде претставена на Дубаи ЕКСПО, објави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи на „Фејсбук“.
Според статистичките показатели објавени од централната банка, бруто надворешниот долг изнесува 10.159 милиони евра или 87,6 проценти од БДП и бележи квартално зголемување од 353 милиони евра.
Претставниците на откупно-преработувачките претпријатија за ориз и Министерството за земјоделство не најдоа заедничко решение за откупните цени на оризовата арпа, поради што ќе се бара друг начин за финансиски да им се помогне на земјоделските производители
Државниот завод за статистика денеска објави дека просечната цена на електричната енергија за домаќинствата во првото полугодие од годинава е зголемена за 0,2 проценти во однос на второто полугодие лани