Зошто ние сме изземени од мерката „зелена нафта“ прашуваат тутунопроизводителите кои деновиве се соочија со нов удар.
Вицепремиерот Битиќи го честиташе „Денот на рударите“, на сите рудари вработени во рударско енергетските комбинати Битола и Осломеј, како и во сите други рудници во земјата.
Новоформираните тутунски здруженија од Прилеп побараа Владата да донесе одлука за прогласување елементарна непогора зашто сушата го преполови производството. Мерката зелена нафта е добра, но бараат да има и за тутунарите и за сточарите.
Нискобуџетната авиокомпанија Виз Ер денеска најави четири нови рути од Македонија до Италија, Германија и Данска. Станува збор за дестинациите од Скопје до Болоња и Торино – Италија, од Скопје до Билунд – Данска и од Охрид до Фридрихсхафен – Германија.
Амбасадорката Холштајн изрази задоволство што Германија и компаниите кои инвестираат во земјава се пример за добри пракси во работењето и најави дека ќе продолжи да работи на зголемување на економското присуство во регионот.
Законот за дивоградби помина на ЕНЕР, а забелешките во наредните денови ќе бидат разгледани од Министерството за транспорт и врски. Министерот за транспорт и врски вели дека има простор за дискусија и во Владата и во Собранието.
И покрај изразените влијанија на пандемијата, ризиците поврзани со секторот „домаќинства“ останаа во контролирани рамки, за што придонес имаа мерките за ублажување на ефектите врз пазарот на трудот и зачувување на расположливиот доход на домаќинствата.
Раст на исплатите има кај трите големи групи класи: осигурување имот, осигурување моторни возила и останатите класи од неживотно осигурување, покажуваат официјалните податоци на Агенцијата за супервизија на осигурувањето (АСО).
Бизнис секторот укажува дека мерките се преостри, дека се донесени без најави, но и без консултации со нивни претставници.
Дозволете ни да го изразиме нашиот став во врска со најновите мерки и протоколи донесени од страна на Владата на Република Македонија.