Македонските земјоделци уште ја чекаат помошта ветена од Владата во рамки на петтиот ковид пакет. Бараат итна исплата, за која се сомневаат дека ќе биде изведена за предизборен поткуп.
Лозари реагираат дека гроздоберот почна и дека винарии склучувале договори без да се знаат цени за грозјето. Ова денеска на прес- конференција го истакнаа од регионалното здружение „Тиквешки лозароовоштари“.
Стопанската комора на Македонија достави седум предлог-мерки за поддршка на туристичко-угостителскиот сектор до кабинетите на вицепремиерот Владата Битиќи, министрите за економија и за здравство, Крешник Бектеши и Венко Филипче.
Растот кај депозитите се должи на зголемените депозити и кај домаќинствата и кај корпоративниот сектор, но поголем придонес има корпоративниот сектор.
Драстично е намален прометот на угостителите откако стапија во сила најновите мерки за заштита од КОВИД. Изнесува помалку од 30 отсто во однос на изминатите недели иако и во тој период не бил на вообичаено ниво, нормално за нивното работење.
Македонската градежна оператива во првите шест месеци од годинава договорила градежни работи во странство во вредност од 144,863 милиони денари, што е за 17,6 отсто помалку во споредба со истиот период од претходната година.
Просечната месечна исплатена нето плата по вработен во јуни годинава изнесува 28.744 денари, а просечната бруто палта 42.950 денари. Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната нето плата е за 7,0 отсто повисока отколку во јуни минатата година, додека бруто платата е повисока за 7,1 отсто.
Во таа насока ја истакнуваме потребата да се направат измени на најновата Одлуката за превентивни препораки и мерки која стапи на сила пред два дена.
Од АСО информираат дека заклучно со 30 јуни годинава добиле 82 претставки од осигуреници кои биле незадоволни од работата на осигурителните компании. Во споредба со истиот период лани, годинава бројот на поднесени претставки е двојно зголемен.
Во второто тримесечје од 2021 година во патниот патнички превоз бројот на превезените патници изнесувал 561 илјадa, во градско-приградскиот превоз 8 960 илјади, во железничкиот превоз 64 илјади, додека бројот на превезените патници во воздухопловниот превоз бил 238 682.