Во технолошко индустриските развојни зони во првата половина од годинава е регистрирано највисоко ниво на економска активност во последните дваесет години, покажала анализата на ТИРЗ
Оценката за економската состојба на деловните субјекти во јуни 2021 година е понеповолна во однос на претходниот месец, а поповолна во однос на јуни 2020 година. Се очекува бројот на вработените да се зголеми
Прометот во индустријата вкупно во мај годинава во однос на истиот месец лани е зголемен за 58 проценти, објави Државниот завод за статистика
Поголема транспарентност и достапност на податоците за банкарските производи за граѓаните, а со тоа и поголема заштита на потрошувачите, се предвидува со Насоките коишто беа донесени вчера, за содржината, обликот и начинот на објавување на податоците за најрепрезентативните кредитни и депозитни производи на банките и штедилниците за физички лица
Дирекцијата за технолошко индустриски и развојни зони денеска ќе го презентира полугодишниот пресек од работењето
По овој датум во наредната година, односно од 1 јули 2022 до 30 јуни 2023 година ќе се применува повластена даночна стапка од 10 проценти за прометот на електричната енергија кон домаќинствата.
Четвртото издание на најголемиот енергетски настан во земјата, Македонскиот енергетски форум МЕФ 2021, оваа година во Скопје ќе се одржи од 12-14 септември 2021 година
Основниот суд во Штип донел решение за поведување претходна постапка за утврдување на причините за отворањeто на стечајната постапка за Баргала АД Штип, а на акционерското друштво му е изречена забрана да располага со имотот без одобрение на стечајниот управник, како и забрана за одредување или спроведување на присилно извршување или обезбедување против ова АД
Собранието денеска во рамки на продолжението на 45. седница треба да гласа по Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за додадена вредност, по скратена постапка, со којшто се предвидува намалување на ДДВ-то за електрична енергија од 18 на 5 проценти
Во трговскиот центар Веро Џамбо денеска ќе биде претставена првата повратна вендинг машина (ПВМ) на „Пакомак“ која ќе биде поставена на територијата на Град Скопје