Министерството за економија соопшти дека денеска се затвара јавниот повик за субвенции за вградување на уред на погон на течен гас (ТНГ), метан или друг вид на алтернативно гориво во возилата
Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи денеска во Владата ќе ја промовира бескаматната кредитна линија „КОВИД 4“
Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска треба да ја продолжи расправата за ребалансот на Буџетот
Заев на средбата која се реализира на покана на Комората, беше со својот економски тим: вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, министерот за финансии Фатмир Бесими, заменик-министерот за економија Зоран Маневски и директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска.
На 33 економски оператори од индустријата за организација на настани кои ги исполниле условите од јавниот повик, ќе им бидат распределени предвидените 15.443.661,00 денари поддршка од шестиот антикризен пакет
Владата на денешната седница донесе одлука да се одобрат 2.460.000 денари за 80 лиценцирани туристички водичи кои ги исполнија условите и критериумите утврдени во јавниот повик.
Владата уште на 20 април донесе одлуки за прилепската наменска фабрика и последен загубар „Еурокомпозит“, но нема ништо решено, реагираа на прес-конфекренција денеска пред општинската зграда преставници на Иницијативниот одбор на поранешните вработени во прилепски „Еурокомпозит“
Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска ја продолжи амандманската расправа по Предлог-измените на Законот за додадена вредност со кој се предлага годинава да има намалување на ДДВ-то за електрична енергија од 18 на 5 проценти
Сојузот на синдикати на Македонија реагира и бара да биде избришан членот 12 од Предлог-законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и коридорот 10 д
Почнува да се стабилизира текстилниот сектор во текот на летните месеци, но според Кирил Нашков претставник на штипските текстилни конфекции во Текстилниот сектор компаниите кои успееја да ја пребродат ковид кризата и локдауните во Европската унија, во моментов работат за старите партнери, но и морале да се преорентираат и на шиење на други производи