Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во мај годинава се повисоки за 0,6 отсто на месечно и за 6,1 отсто на годишно ниво, објави Државниот завод за статистика
Електронскиот систем за координација во планирањето, спроведувањето, мониторингот и евалуацијата на политиките за рамномерен регионален развој – sirera.mk , наречен СиРеРа денеска официјално беше предаден на управување на Министерството за локална самоуправа
Цените на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 од ноќеска на полноќ се зголемуваат за 1,50 денари, за денар поскапува ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), а екстра лесното масло за домаќинство за 0,50 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика
Од утре започнува етапната исплата на јунските пензии. Пензиите како што наведува Министерството за труд и социјална политика ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од Коронавирусот
„Најниската цена“ како критериум за избор на најповолната понуда во јавните набавки е проблем број еден за 77 отсто од фирмите во земјава, покажуваат резултатите од анкетата на фирмите за нивното искуство при учеството на тендерите што денеска ги објави Центарот за граѓански комуникации, заедно со Извештајот од мониторингот на јавните набавки за периодот јули-декември 2020 година, кој пак покажува дека 33 отсто од јавните набавки се поништени во тој период
Премиерот Зоран Заев очекува оваа година да заврши со реализација на капитални инвестиции, како што вели од 80 и над 80 отсто
Проектот “m.Health” е избран како најиновативно и најкреативно решение за подобро управување со здравствениот систем, во рамките на првиот хакатон “Е-Здравство”, кој се одржа изминатиот викенд, во организација на Фондот за иновации и технолошки развој, РОШ Македонија, а во соработка со Министерството за здравство
Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи се надева дека опозициските и сите останати пратеници во најбрзо време ќе ги донесат потребните законски измени за воведување на зелена еколошка такса
По повод одбележување на Меѓународниот ден на малите и средни претпријатија воспоставен од Организацијата на Обединетите Нации со цел да се подигне јавната свест за нивното значење за економскиот раст и развој, организациите кои ги застапуваат на глобално ниво, здружено ги истакнаа најважните политики кои е потребно да се креираат со цел постпандемиско забрзано економско закрепнување
Меѓународната финансиска корпорација – ИФЦ ги поддржува заложбите на Народната банка во доменот на т.н. зелени финансии, било порачано на работната средба на Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска со Ари Наим, регионалниот раководител за Централна и Југоисточна Европа на оваа корпорација – членка на Групацијата на Светската банка, на која, меѓу другото, се разговарало и за макроекономската состојба и за состојбата во финансискиот систем