Оваа година направивме одредени промени во стратегиските цели на Народната банка, со оглед на тоа што во последниот период се случуваат динамични глобални промени, коишто имаат одраз и врз нас како централна банка
Граѓани, компании и институции наплатиле 15 милиони евра штети од осигурителните друштва за неживотно осигурување во првите три месеци годинава
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој исплати околу 51 милион денари на сметките на 2.332 индивидуални земјоделци
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) почна постапка за одземање на лиценци на носителите на лиценца за трговија со нафтени деривати, а пред се на мазут на големо и тоа на РКМ ДООЕЛ Скопје, Супер трејд ДООЕЛ увоз извоз Скопје, Пертинакс ДООЕЛ Скопје и ЛИЛ Оил ДБ ДООЕЛ увоз – извоз Кавадарци поради непоседување оперативни резерви на мазут, информира претседателот на РКЕ Марко Бислимоски
Унапредување на претприемачката култура, подигнување на угледот на работодавачите, како и постојана работа за унапредување на социјалниот дијалог се работите на кои постојано треба да се работи во државата за да се овозможи економски раст, но и почитување на правата на работниците, сметаат од Организацијата на работодавачи на Македонија
Законското решение недела да биде неработен ден што вчера Владата го усвои на седница е добар компромис, кој е постигнат преку дијалог на социјалните партнери синдикатите, државата и работодавачите. Ова е компромис кој во моментов на развој на државата е добар, оцени денеска досегашниот претседател на Организацијата на работодавачи на Македонија, Ангел Димитров
Класична манипулација е законот недела неработен ден за работниците, оцени Кристина Ампева од „Гласен текстилец”-Штип, кое како здружение низ годините бараше и е иницијатор за прогласување на недела неработен ден
Направени се контроли и кај пет бензински пумпи. Откако ќе бидат завршени сите постапки и процедури, ќе бидат објавени имињата, доколку се утврдат неправилности, изјави денеска министерот за економија Крешник Бектеши
Јавниот повик за доделување ваучери за туризам за граѓаните со ниски приходи ќе се реализира како што е објавен и нема да има никакви измени, а ако е потребно во наредниот период ќе објавиме нов повик како што сме правеле и во минатото, порача денеска министерот за економија Крешник Бектеши
Повеќе од половината од домашните банки имаат преземено активности за одобрување „зелени кредити“ на домаќинствата и на корпоративниот сектор, при што дел од нив имаат развиено и систем за идентификување еколошки одржливи проекти