Стопанската комора на Македонија апелира приватниот сектор да не се става во политички контекст без аргументи
Цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) од ноќеска на полноќ се намалува за половина денар по литар, а цената на останатите горива останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика
Мелничарите за почетокот на новата жетва 2021 ќе бидат тотално колабирани, ќе немаат можност да купат пченица. Откако почна корона панедмијата два млина ставија клуч на врата. Едниот од нив беше трет по големина на македонксиот пазар
Во ноември годинава продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки за 0,1 отсто и за 1,4 отсто на годишно ниво, објави денеска Државниот завод за статистика
Тетовската полиција го најде 17-годишното девојче кое беше пријавено од родителот дека се оддалечило од дома на 18 декември. Таа била пронајдена на улица во градот
Еднократната финансиска помош од 6.000 денари, како дел од четвртиот пакет антикризни мерки, е исплатена на над 90 отсто од корисниците. За останатите да може да се исплати финансиската поддршка потребно е да се направат законски измени со нови подолги рокови
Министерот за финансии, Фатмир Бесими денеска изнесе Белешка за годинава, за следната и очекувањата за македонската економија во следниот петгодишен период
Владата очекува толеранција од банките во наредните денови, додека целосно не заврши исплатата на предвидената поддршка од 6.000 денари, зашто се работи за граѓани од најранливите категории, кои беа најпогодени од кризата, рече денеска владиниот портпарол, Душко Арсовски
Според него, кризата што ја предизвика КОВИД ќе има последици уште најмалку 10 години. Тој период треба да го искористиме за целосно реструктуирање на стопанството.
Од почетокот на воведувањето на вонредна состојба до денеска во здружението „Гласен Текстилец”-Штип се обратиле над 30 бремени жени работнички кои побарале совет за користењето на мерките од страна на Владата, вели Кристина Ампева од „Гласен Текстилец”-Штип.