Врз основа на најавите за подготовка на нов Закон за продажба на земјоделското земјиште, Националната федерација на фармери подготви Анализа за импликациите од процесот на продажба на земјодеското земјиште врз земјоделството и руралниот развој.
Во периодот од 2010 до 2019 година, Државниот завод за ревизија (ДЗР) извршил вкупно 699 ревизии. Најмногу во 2014година, дури 98, а најмалку во 2012 година, 50 ревизии, покажуваат резултатите од анализата на Центарот за граѓански комуникации.
Винарската визба „Тиквеш“ денеска ќе ја промовира инвестицијата во нови лозови насади на 120 хектари во месноста Бабуна, во околината на Велес
Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) денеска ќе го објави новиот Предизвик за воспоставување лабаратории за производство FAB LABS „МЛАДИТЕ СОЗДАВААТ“
Мелничарите од земјава се соочуваат со блокада од косовска страна. Велат дека веќе 25 дена не можат да реализираат извоз зашто Косово им ги враќа камионите со брашно под изговор дека нивото на железо и фолна киселина во него е под пропишаниот правилник.
Посебно тело за заедничко привлекување на инвестиции за земјите од Западен Балкан и заеднички настап во Берлин, Дубаи и Шангај договориле стопанските комори од регионот на седницата на Управниот одбор на Коморскиот инвестициски форум (КИФ) што се одржа во Белград.
И вакцинацијата на стопанствениците од кои дел веќе се имунизираа во Србија, ќе се врши по принципот на приоритет. Надлежните ги очекуваат списоците од стопанските комори врз основа на кои ќе бидат одредени термините за вакцинација.
Претседателката на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија – Нина Ангеловска, како главен организатор на отворањето на хакатон посочи дека само преку холистички пристап и вклученост на сите засегнати страни можеме да ги адресираме големите проблеми и да ги поместиме работите.
Растот во технолошко индустриските развојни зони продолжува и во месец април, со зголемен раст на извозот и увозот и стабилни работни места, покажува редовната месечна анализа на ТИРЗ
Во Кабинетот на претседателот денеска беа доделени сертификатите на учесниците во програмата „Млади менаџери и бизнис лидери“ кои што во изминатиов период успешно ја завршија обуката во осумте компании – членки на Советот на странски инвеститори: ЕВН Македонија АД, Комфи Ангел, Ван Хоол Македонија, Кемет Електроникс Македонија, ЕОС Матрикс Македонија, Филип Морис ТКП, Рамстор Македонија и Макстил АД Скопје.