Министерството за економија објави три јавни повици во рамки на Програмата за конкурентност и иновации и претприемништво (КИП) за 2021 година наменети за поддршка на домашните компании. Како што информира министерот за економија Крешник Бектеши на својот Фејсбук профил, објавени се јавните повици за субвенционирање на микро и мали претпријатија, за финансиска поддршка на женско претприемништво и за субвенционирање на занаетчии
Прилепската компанија „Микросам“ слави 30 години постоење. Како мала компанија е основана во 1990 година, достигна до глобален лидер за производство на роботски и ЦНЦ машини за композитни материјали
Трендот на дигиталниот маркетинг што го наметна пандемијата ќе продолжи да расте и годинава за што говорат прогнозите дека дигиталното рекламирање ќе учествува со дури 60 проценти во вкупниот буџет за промоција на светско ниво, беше оценето на вебинарот што го организираше Катедрата за маркетинг при Економскиот факултет во Скопје
Централиот регистар го продолжи рокот за достаување годишна сметка до 25 март 2021 година
Поддршката за угостителите кои организираат свадбени веселби ќе продолжи, но за Владата е неприфатливо да донесе спротивни одлуки од предложените од Комисијата за заразни болести, изјави денеска министерот за економија Крешник Бектеши од Куманово по посетата на компаниите.
За Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2021 година обезбедени се милијарда 516 милиони денари и со него ќе бидат опфатени 10 279 лица.
Тутунарите од петте новоформирани здруженија денеска два часа, од 12 до 14 часот, го блокираа патиот правец Прилеп – Плетвар на излезот од градот, барајќи, меѓу другото, побрзо да се откупи вишокот тутун по цени и класи како досега, а со новата реколта да нема увоз, но да има повисоки цени и количествата да бидат како ланските.
Македонското кредитно биро во соработка со својот странски партнер, Италијанското кредитно биро CRIF S.p.A, нуди единствена можност на македонските компании да побараат меѓународни извештаи со бонитетни информации за повеќе од 200 милиони компании од над 230 земји од целиот свет достапни на англиски јазик
Увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи (19) во јануари годинава се повисоки за 8,0 отсто на месечно ниво, а пониски за 24 отсто на годишно ниво
Забрана за движење нема да ја попречи работата на производните капацитети, како и на компаниите кои вршат транспортни услуги, соопшти Делегацијата на германското стопанство која вчера одговорила на повеќе од 30 барања во врска со дозволите за движење кои се неопходни поради воведениот полициски час