Под мотото „ПОМЕН – една година тишина!“, по повод точно една година од забраната за одржување на јавни настани, заради Ковид пандемијата, в понеделник точно на пладне во организација на Асоцијацијата на ивент индустријата – ИВАП ќе се одржи собир пред Владата
Сојуз на синдикатите на Македонија (ССМ) информира дека неговата повеќегодишна иницијатива, недела да биде неработна, 90 отсто е прифатена од социјалните партнери.
Министерот за финансии, Фатмир Бесими, кој престојуваше овие два дена во Брисел на средби со европски комесари, во изјава за МИА потврди дека Владата прифатила да се отвори дебата за реформа на даночниот систем, вклучително и прогресивниот данок
Земјава лани во декември вкупно потрошила 859.827 мегават часови електрична енергија, 46,263 милиони нормални кубни метри природен гас, 468.414 тони јаглен и 92.211 тони нафтени продукти.
Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски на денешното доделување на решенија за легализација во општина Ѓорче Петров, рече дека досега биле легализирани вкупно 265.264 бесправно изградени објекти и најави продолжување на рокот за легализација.
Под слоганот „Вистински информации-сигурни планови“, Македонското кредитно биро 13 години е деловен партнер на сите физички и правни лица.
Министерот за економија, Крешник Бектеши денеска уште еднаш ја повика опозицијата да биде конструктивна и да овозможи донесување на законите во Собранието со цел што побрзо имплементирање на петтиот сет мерки
Ако сакаме да имаме успешна сезона, мора да работиме уште од сега, да ја промовираме земјава и да се позиционираме
Македонскиот туристички сектор мора да се прегрупира и да се подготви зашто отворањето на границите е се поблиску, а туристите веќе ги планираат своите одмори, порачаа учесниците на 5. Македонска туристичка берза што се одржа денеска во Скопје
Според единечниот биланс на успех, во периодот јануари-декември 2020 година, продажбите достигнуваат 9.188.259.186 денари, што е за 9% повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Вкупните консолидирани продажби, пак, достигнуваат 12.132.328.349 денари, што е за 9% повеќе во споредба со истиот период од минатата година.