Регистарот на вистински сопственици, кој се води во рамки на Централниот регистар на Република Северна Македонија, започна да функционира на 27 јануари 2021 година со што тече рокот од 90 дена за пријавување на податоци за вистинските сопственици.
Девизните резерви се во сигура сона, а расположливите податоци за последниот квартал од 2020 година упатуваат на поповолни движења во домашната економија, оценува Народната банка во објавената месечна информација.
Земјоделците од кочанскиот регион кои произведуваат ориз денеска во селото Облешево со земјоделска механизација ја блокираа едната коловозна лента на магистралниот пат Кочани – Штип.
Потребна е побрза динамика во носењето законски решенија за да се овозможи примена на одредени мерки од поддршката за стопанството, смета вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.
Барањето, како што беше речено на прес-конференција, е директно поврзано со петтиот сет мерки, а за него досега се немало слух поради игнорантскиот однос на одредени структури во двете министерства.
Комората на сметководители потсетува дека споредбено со Европа во нашата земја имама најкратки рокови за поднесување на годишните сметки и апсолутно смешни се оправданијата дека некакви статистички податоци за Европската Унија зависат токму од нас, а уште помалку дека истите треба да се ставаат пред здравјето на граѓаните.
Денеска се одржа состанок на високо ниво помеѓу министри од Владата на Република Македонија и директори во генералните директорати за проширување и соседска политика и за труд и социјална политика
Здружението на оштетени штедачи од Еуростандар банка,во пресрет на утрешната седница на Уставниот Суд, на којашто, како што наведуваат во соопштение, прва точка од дневниот ред e иницијативата за оценка за уставноста и законитоста на член 163 став 3 од Законот за банки, јавно изразува надеж во владеење на правото и заштита на темелните вредности на оваа држава заштитени со Уставот
Комората на сметководители денеска ќе информира за состојбата во која се наоѓаат сметководителите поради кратките рокови за поднесување на финансиските извештаи и завршните сметки и ќе ги презентира проблемите што може да произлезат од операционализацијата на петтиот пакет економски мерки
Не уценуваат но не се плашиме, порачуваат оризопроизводителите во очи на утрешниот протест на регионалниот пат Штип - Кочани. Локални моќници на власта им се заканувале дека ќе останат без работа, дека нема да добијат субвенции.