Организацијата на работодавачи предупреди дека согласно одлуката за неработен ден недела, работодавачите ќе треба да исплаќаат празнични дневници за работниците.
Како критериум за доделување на мерката ќе биде економскиот резултат, односно падот на приходите во месеците ноември и декември 2020 и јануари 2021 година, со истите месеци во 2019, односно 2020 година.
Според него, светот и официјалните меѓународни институции се уште се на оптимистичката варијанта, односно дека по месец март, со успешната реализација на динамиката на вакцината на светско ниво, а тоа и кај нас, во втората половина од годината може да се очекува раст.
Вкупно 50 милиони денари поддршка за сите 120 радија и телевизии во земјава кои имаат концесии за емитување програма, се предвидени со петтиот пакет мерки, соопшти денеска премиерот Зоран Заев.
Со петтиот пакет завршува финансиската поддршка за исплата на плати. Ова е последно помагање за исплата на плати бидејќи се очекува излез од кризата и раст и развој на економијата, најави денеска премиерот Зоран Заев.
Со петтиот антикризен пакет, за поддршка на плати во февруари и март 2021 година се обезбедени 1,92 милијарди денари. Со оваа прва мерка ќе бидат опфатени околу 60.000 работници месечно, а поддршката ќе биде скалеста во износ од 14.500 до 21.776 денари.
Фондот за иновации и технолошки развој и Државниот завод за индустриска сопственост потпишаа меморандум за соработка со цел поттикнување на иновациите и афирмација на домашните компании и организации
Денеска преку видео-врска ја потпишаа Заедничката декларација за намери за соработка меѓу владите на Република Македонија и Северна Рајна-Вестфалија, чија цел е интензивирање на економската и научната соработка, како и соработката во делот на европската интеграција
Дваесет апликации се доставени за учество на тендерот за доизградба на првите две делници од пругата кон Бугарија, што го објави Европската банка за обнова и развој
Крипто-средствата не се законско средство за плаќање во нашата земја, а вложувањето во нив е високо ризично