Да се воведат построги и посоодветни критериуми за претпријатијата кои ќе конкурираат за државна помош, бара Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ) и апелира петтиот пакет неодложно да се донесе, да се прилагодат критериумите за пристап до заемите за ликвидност, како и да продолжи кофинансирањето на инвестициските активности на фирмите
Мерките од петтиот сет предвидуваат грантови за остварени позитивни економски резултати, финансиска поддршка на извозот, значително зголемен пристап до кредити и ликвидни средства преку фондови – односно низа мерки кои ќе ја поддржат развојната компонента и генерирање на раст, пишува во неговата колумна министерот за финансии Фатмир Бесими
Министерот за економија Крешник Бектеши во рамки на официјалната посета на Турција, имаше средба со претставници на Унијата на комори и стоковни берзи на Турција (ТООБ), како и со претавници на Асоцијацијата на градежници на Турција и со одделни стопанственици
Министрите се согласија дека Турција и Северна Македонија имаат традиционално одлична соработка на енергетски план и изразија надежи во иднина оваа соработка да се продлабочи.
Ограничувањето на можноста за работа во недела или наметнувањето дополнителни трошоци за компаниите кај кои работењето во недела е дел од редовниот работен процес, ќе влијаат на нивната продуктивност, но и на нивната конкурентност на регионалните, како и на глобалниот пазар.
Оваа година македонското јагне има најниска цена и покрај докажаниот висок квалитет, но и покрај недостигот на европскиот пазар каде традиционално извезуваме, велат одгледувачите на овци.
Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) денеска преку соопштение им укажува на работниците дека не е законски работодавачот да ги убедува дека за јануари 2021 година им се исплатила плата во висина на минималната плата.
Цените на бензините од ноќеска на полноќ се зголемуваат за 1,5 денари за литар, а дизел горивата поскапуваат за еден денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).
Извозот на стоки од земјава во текот на минатата година забележал пад од 7,7 отсто во однос на тој период претходната година, објави Државниот завод за статитика.
Голем дел од занаетчиите не можат да аплицираат на бескаматните кредитни линии на Развојна банка, зашто поради кризата работеа со загуби и не ги исполнуваат условите за аплицирање на повиците.