Компаниите кои веќе ја злоупотребиле финансиската помош од Владата, нема да имаат можност за да аплицираат за нова мерка, кажа министерот за економија Крешник Бектеши во емисијата Вин Вин на Телма Телевизија
Со состојба 2 февруари 2021 година, на 13.160 работодавачи им е исплатено вкупно 961.709.306,00 денари за исплата на декемвриската плата на 60.974 вработени. Од нив 306 работодавачи, на 992 вработени не ја исплатиле платата, а земале финансиската поддршка во износ од 16.305.020,00денари.
Можноста за продлабочување на економската соработка меѓу двете земји беше главна тема на разговор на денешната средба во Скопје меѓу министерот за економија Крешник Бектеши и амбасадорот на Руската Федерација Сергеј Баздникин
Европската централна банка (ЕЦБ) донесе одлука за продолжување на важноста на репо-линијата преку којашто минатата година, првпат, ѝ овозможи на Народната банка пристап до девизна ликвидност во евра, со соодветно обезбедување. Крајниот рок на примена на репо-линијата во вредност до 400 милиони евра е продолжен до март 2022 година
Туристичко-угостителската комора на Македонија апелира за континуитет на економските мерки кои дадоа резултати за да се спречи загуба на работните места, и истите да се овозможи да се дел од петтиот пакет мерки за економски спас.
Основата на квалитетни економски политики кои одговараат на реалните потреби на граѓаните, може да се добијат само преку издржани статистички податоци. Тие податоци произлегуваат токму од најважната и најобемна статистичка операција- попис, порача денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи
Дел од Иницијативниот одбор на тутунарите кои во текот на откупната кампања се организираа преку социјалните мрежи, решија да формираат ново тутунско здружение. Под името „тутунска надеж” постапката за регистрација е во тек во Централниот регистер во Прилеп.
На сите винарски визби им е наложено да дадат извештај колкави ќе бидат нивните потреби од годинашната реколта на грозјето и им се побарани сугестии во делот на тоа како треба да се одржуваат лозјата за годинава да има подобар квалитет на грозјето, порача денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа
Фондот за регионални предизвици го објави регионалниот повик за поддршка на инвестиции во кооперативна обука, во износи од 150.000 до 600.000 евра, со вкупен фонд на средства за користење од 18,8 милиони евра
Во Кумново почна изградбата на дистрибутивната гасоводна мрежа на улица „Братство и Единство“ во близина на градската џамија до детската градинка „Синоличка“, информираа денеска надлежните од ЈП „Куманово-Гас“