Тој посочи дека Министерството за економија и Владата секојдневно добиваат барања од страна на различни сектори за олеснување нарестриктивните мерки и посочи дека асите треба да ги почитуваме доколку останат на сила мерките.
Микро и мали компании, трговци поединци и занаетчии ќе можат да аплицираат за третата бескаматна кредитна линија на Развојната банка во износ од 31 милион евра
Секторот туризам и угостителство треба да работи и во недела имајќи во предвид дека сакаме да го зголемиме туризмот во нашата држава и да привлечеме што е можно поголем број на странски туристи, порача денеска министерот за економија Крешник Бектеши.
Малите и средните компании погодени од Ковид -19 кризата ќе можат преку платформата www.bizz4all.mk да добијат бесплатна советодавно-техничка помош од стручни бизнис ментори за креирање на нови стратегии, пронаоѓање нови пазари, подобрување на продажбата, пристап до финансии
Со одлуката на РКЕ за 0,133 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 28,368 денари.
Трошоците на животот во ноември годинава се исти како во претходниот месец, а цените на мало пораснале за 0,3 отсто во споредба со минатогодишниот ноември 2019 трошоците на животот имаат зголемување од 2,2 отсто, а цените на мало зголемување од 1,8 отсто.
Стапката на раст на Бруто домашниот производ во третото тримесечје е -3,3 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.
Пад од 4,9 проценти на бруто домашниот производ за годинава, како и раст од 3,9 проценти во наредната година, предвидува Народната банка
По првичниот пад од над 90 проценти во април и мај годинава, регистрирано е делумно заздравување за време на летните месеци јули и август – пад од 64 и 53 проценти, но потоа повторно се бележи зголемен пад во септември и октомври од 59 и 62 проценти, покажуваат податоците на Евростат
Со одлуките на двата управни суда во Република Македонија се уважи нашето тужбено барање и се поништи решението на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, информира Еуромакс Ресурсис ДОО Скопје.