Увозните цени од оддел Кокс и рафинирани нафтени производи (19) во септември годинава се пониски за девет отсто на месечно ниво и за 40,9 отсто на годишно ниво.
Продажните цени на производителите на индустриски производи во септември се повисоки за 0,2 проценти на месечно ниво, додека на годишно ниво се бележи намалување од 0,5 отсто.
Лидерите на Западен Балкан денеска, на состанокот во рамки на Берлинскиот процес, се согласија да ја зајакнат економската соработка во регионот преку развој на Заеднички регионален пазар, заснован на правилата и стандардите на ЕУ, за да се зголеми привлечноста и конкурентноста на регионот и да се приближи регионот до ЕУ
Сакаме да ја видиме Македонија како следна стартап нација или како стартап нација на Балканот, сакаме со вас да споделиме знаење и партнерство, да им помогнеме на вашите стартапи и да ги турнеме напред, рече израелскиот амбасадор, Дан Оријан на денешниот онлајн настан по повод почетокот на преакцелераторската програма „Напредни и апликативни технологии” на ПрајмПоинт
Грчката Влада ја гледаме како партнер, што е посветен, не само на имплементацијата на Договорот од Преспа, туку и можност во ерата по потпишувањето на Договорот, вели заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи во интервјуто за телевизијата „Делта“ од грчкиот град Александруполи
Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески денеска повторно јавно го искажа својот став – дека за справување со корона кризата се неопходни конкретни решенија, а не дебати и расправии „истресени од ракав“
На предлог на Министерството за економија, Владата на денешната 18-та седница, ја разгледана и усвои Предлог-програма за изменување и дополнување на Програмата за развој на туризмот за 2020 година
Владата на својата денешна 18 седница, на предлог на Министерството за надворешни работи, ја разгледа и усвои Информацијата за предлог-реорганизација на економската дипломатија, во насока на промоција на националните економски интереси во странство
Вредноста на минималната потрошувачка кошничка за октомври 2020 година изнесува 33.704 денари, соопшти денеска Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ).
Министерството за економија денеска го објави јавниот повик за кофинансирање на трошоци на занаетчии и вршители на занаетчиска дејност со кој се покриваат до 60 отсто од докажаните трошоци за набавка на алати и репроматеријали во 2020 година, но не повеќе од 60.000 денари.