Министерот ги повика сите граѓани да ги почитуваат мерките за заштита од коронавирусот во деновите кога треба да се користи оваа мерка, и додаде дека Комисијата за заразни болести веќе ги има дефинирано протоколите како треба да работат сите бизниси во државата.
Министерот за економија Крешник Бектеши е уверен дека годината ќе ја завршиме со пад на економијата од четири проценти како што предвидува Светска банка и оти од следната година ќе има зголемување на БДП.
На угостителскиот објект „Мош“ во кој последниот викенд имаше концерт, а го посетија и инспектори од Државниот пазарен инспекторат денеска му е испратена кривичната пријава и има рок од 48 часа да го испразни објектот.
Собранието, покрај својот работен дел, вклучуваше и одбележување на 20-годишнината од постоењето на АмЧам, а воедно и признаниеза значајните успеси во текот на изминатите години.
Трошоците на живот во септември годинава во однос на претходниот месец бележат намалување од 0,2 отсто, а во однос на септември лани зголемување од 1,9 отсто
Секторот за управување со ИПАРД фондови при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство почетокот на оваа недела го одбележа со одржување Форум за унапредување на спроведувањето и користењето на средствата од ИПАРД Програмата 2014-2020
Намалено производство, неизвесен транспорт, затворени граници, оневозможен пласман, отежнат увоз и извоз, слаб пристап до финансии, расипани овошки, зеленчук, градинарски култури, загуби над 60 отсто
Инспекторите не постапуваат селективно. Тие според постоечките закони не можат да ги затворат угостителските објекти кои не ги почитуваат мерките и протоколите на Владата, изјави денеска министерот за економија Крешник Бектеши.
Единаесет жени претприемачи денеска добија финансиска поддршка од Министерството за економија за реализација на нивните бизнис планови
Меѓународната организација на трудот (МОТ) по повод Светскиот ден на достоинствената работа најавува кампања за подигнување на свеста и почитувањето на работничките права.