По повод 7-ми октомври - Светскиот ден на достоинствената работа, Меѓународната организација на трудот (МОТ) и Економско-социјалниот совет најавуваат кампања за подигнување на свесноста и почитување на работничките права. Кампањата е поддржана преку проектот Зајакнување на социјалниот дијалог, финансиран од Европската Унија
Работниците и граѓаните мора да се во центарот на интерес на сите владини политики, порачува Сојузот на синдикати на Македонија по повод Светскиот ден за пристојна работа – 7 Октомври
Економиите од регионот на Европа и Централна Азија годинава најверојатно ќе ја завршат со пад од 4,4 проценти, што е најтешка рецесија по глобалната финансиска криза од 2008 година, покажува последното издание „Економски извештај за Европа и Централна Азија“ што денеска го објави Светска банка
Економска инклузија и социјална заштита за намалување на сиромаштијата, стандарди за трговија и безбедност на храна, зајакнување на отпорноста на малите земјоделски стопанства, спречување на следната зоонозна пандемија и трансформација на системите за храна, се приоритетите на ФАО за опоравување од ситуацијата со КОВИД-19 во земјите од регионот
Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) на прес-конференција ќе ги презентира резултатите од јавниот повик „О2 предизвик 2 Справување со климатските промени“
Во Министерството за економија денеска ќе бидат доделени решенијата на 11-те компании основани и управувани од жени кои се добитници на субвенции за поддршка на жени претприемачи во рамки на Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво за 2020 година
Владата донесе Одлука за изменување на Одлуката за утврдување на максималниот износ на нето - задолжување преку издавање на државни хартии од вредност на домашниот финансиски пазар во 2020 година.
Владата денеска го разгледа и усвои Предлог законот за решавање на спорот помеѓу Владата на Република Македонија и „Макпетрол“ АД Скопје по пат на спогодба, со заклучок тој да биде испратен на усвојување во Собранието на Република Македонија.
Според Пеце Велјаноски од Иницијативниот одбор на 150-ината работници прогласени технолошки вишок, незадоволни се зашто нема епилог и по една година откако Парламентот донесе закон за да им се платат заостанатите придонеси за преку 6 години од речиси три милиони евра.
Најголемо учество на додадената вредност во структурата на БДП во 2019 година имаат секторите Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; Транспорт и складирање; Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (20,3 проценти).