Владата денеска го разгледа и усвои Предлог законот за решавање на спорот помеѓу Владата на Република Македонија и „Макпетрол“ АД Скопје по пат на спогодба, со заклучок тој да биде испратен на усвојување во Собранието на Република Македонија.

Со Законот за решавање на спорот помеѓу Владата на Република Македонија и „Макпетрол“ АД Скопје по пат на спогодба, се решава долгогодишниот спор во врска со утврдување на учеството на секоја од страните во реализација на изградбата на гасоводниот систем во Република Македонија, со што се постигнува надминување на несогласувањата и завршување на сите започнати постапки.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/10/2020 23:42