Прометот е драстично намален во сите стопански сектори, а најмногу се чувствува во маркетите, казината, стоматолошките ординации, градскиот пазар, бензинските пумпи, кафичите и бутиците поради што негативно се одразува врз развојот на локалната еконимија.
Цените на нафтените деривати остануваат исти во следните седум дена. Единствено се зголемува цената на мазутот, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
За оваа и за наредната година, па и среден рок не се очекуваат позначајни инфлациски притисоци, оценува гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска.
До крајот на месецот банките кои изразија интерес да го вршат платниот промет во единиците на Пошта треба да одговорат на писмото што го испрати Пошта до нив за условите што ги нудат, по што процесот ќе продолжи со состаноци меѓу двете страни и избор на оној што ќе го преземе платниот промет во поштенските единици што претходно го имаше Еуростандард банка
Преку нов пакет економски мерки вреден 470 милиони евра Владата ќе се обиде во третиот квартал од годинава да го спречи падот на БДП од вториот квартал и со зголемена економска активност и јавна потрошувачка да предизвика раст на БДП во четвртиот квартал и на тој начин да создаде предуслови за растот на економијата од 4,8 проценти во 2021 година што неодамна го најави министерот за финансии
Една од новите мерки е намалување на стапката за ДДВ за ресторански услуги и служење на храна и пијалаци, со која, истакна премиерот, овие услуги ќе се даночат со нова повластена стапка на ДДВ од 10% наместо сегашната редовна стапка од 18%.
Правните субјекти кои оваа година нема да остварат добивка нема да треба да исплатат К-15 на своите вработени, но оние кои ќе остварат добивка, согласно закон и колективен договор треба да исплатат К-15 и други издатоци, вели премиерот Зоран Заев, апелирајќи и до оние кои нема да остварат добивка, но имаат финансиска моќ да го сторат тоа
Ниту можеме ниту сакаме во моментов да пресметаме колку четвртиот пакет на мерки ќе влијае, но дефинитивно нема да има сериозен импакт на зголемувањето на јавниот долг заради тоа што сите пресметки од Министерството за финансии и за време на ттехничката влада и сега за време на новата Влада се прават комплетно за да се сервисираат сите доспевања на долговите на државата, сите расходни ставки на државата, па се прави кратење каде што е можно, а потоа се повлекува ново кредитно задолжување
Во најавениот Викенд без ДДВ кој ќе се спроведе на 10, 11 и 12 октомври, граѓаните ќе може да купат домашни производи и услуги до најмногу 30.000 денари, како и комјутери и ИТ опрема
Здравствено-економската криза предизвикана од пандемијата од КОВИД – 19 од која најголеми негативни последици претрпе туризмот, ја покажа важната улога која ја има туристичкиот сектор во целокупната економија на државата, но и во животот на граѓаните