Владата денеска го претстави новиот сет на мерки како помош за стопанството и граѓаните во услови на Ковид-19.

Една од мерките е продолжување на поддршката за исплата на плата во последните три месеци. Како што рече таа ќе биде скалеста и ќе зависи од падот на приходот кај компаниите. Колку е поголем падот на приходите толку ќе биде поголема поддршката која ќе се движи од 14.500 денари до 21.776 денари. Со оваа мерка ќе бидат поддржани 250000 работни места, а вредноста е 70 милиони евра.

Друга мерка е платежна картичка за поголема потрошувачка во износ од 6.000 денари, а ќе ја добијат 5726 самохрани родители 182271 пензионер со пензии до 15.000 денари, 85108 пасивни баратели на работа, 520 самостојни уметници.., рече Заев, додавајќи дека ќе ја добијат и оние граѓани над 64 години кои немаат пензија, а се со приходи пониски од 15.000 денари или воопшто немаат приходи. Оваа мерка е наменета за 280000 граѓани кои ќе бидат поддржани со 27,6 милиони евра, а платежни картички „Купувам домашно“ ќе добијат уште 540 студенти, кои во претходниот пакет не ги добија овие картички, а поддршка за ученички и студентски стандард од 44 милиони денари за 2020 година добиваат 884 студенти и 347 ученици.

Една од новите мерки е намалување на стапката за ДДВ за ресторански услуги и служење на храна и пијалаци, со која, истакна премиерот, овие услуги ќе се даночат со нова повластена стапка на ДДВ од 10% наместо сегашната редовна стапка од 18%.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/09/2020 22:21