За Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) е прифатлив моделот за предвремено пензионирање, но предлага старосната граница за пензионирање да биде од минимум три до пет години односно од 59 до 61 година за мажи и од 57 до 59 години за жени
Министерот за финансии Фатмир Бесими е именуван за гувернер на Македонија во Европската банка за обнова и развој. Одлуката е донесена на денешната владина седница.
Досега, АД „Пошта“ ги вршуваше услугите од јавен промет преку „Еуростандард банка“, но по отворањето на стечајната постапка на банката, АД „Пошта“ остана без можност да ги извршува овие услуги.
На првата официјална средба се разговарало за поддршката што ЕУ и ја даде на земјава во изминатиот период во услови на пандемија со Ковид 19, преку неколку инструменти кои Унијата ги стави на располагање.
Фондот за осигурување на депозити денеска соопшти дека е склучен договор со банките за обештетување на осигурените депозити од „Еуростандард банка“.
Ова го истакна министерот за економија Крешник Бектеши по средбата со претседателот Неби Хоџа и тимот на Стопанската комора на северозападна Македонија (СКСЗМ) на која, како што рече, разговарале за динамиката на реализација на економските мерки.
Од друга страна, пак, иако согласно член 19 од Законот за игри на среќа, онлајн обложувањето на странски сајтови е спротивно на законот и ваквиот начин не гарантира безбедност во однос на уплати и исплати, играчите сепак практикуваат онлајн обложување на странски веб страни.
Ќе продолжиме со сериозна динамика во искористувањето на капиталните инвестиции бидејќи во време на КОВИД криза кога е намалена јавата потрошувачка државата треба да даде се од себе за да ги реализира своите капитани инвестици, изјави новоизбраниот министер за транспорт и врски Благој Бочварски, при неговата прва теренска активност во Општина Бутел каде изврши увид во изградбата на социјална зграда
Според извештајот на Глобалниот иновациски индекс за 2020 година, Република Македонија се искачи за две места погоре во однос на минатата година, односно за 27 места во однос на 2018 на листата земји што вложуваат во иновации и иновациска структура, што резултира со економски напредок
Социјалниот дијалог помеѓу сите чинители е од особено значење и во интерес на граѓаните, стопанството, економијата, заклучи на денешната седница Економско-социјалниот совет, што се одржа денеска во Министерството за труд и социјална политика