Делегацијата на германското стопанство во земјава во текот на октомври организира два настана преку кои ќе ги поврзува македонските компании со компании од странство
Четвртиот пакет економски мерки се подготвува, а неговата реализација нема да придонесе да се зголеми јавниот долг над проектираните 60 проценти од БДП. Финансирањето е стабилно
Околу 160 работници од фабриката за производство на предиво и волница Тетекс Јарн Лимитед се уште ги немаат добиено платите за февруари и март, по затворањето на фабриката на 1 април.
Економската состојба во земјава е сериозна поради импактот на коронавирусот и епидемиолошката криза на светско ниво, но финансиите се стабилни и може да се најде решение со добро планирање на четвртиот пакет на мерки за да се ублажи ефектот на кризата во третиот и четвртиот квартал од годинава и земјава да влезе во период на позабрзан економски раст во 2021 година доколку нема нов бран на епидемиолошка криза, порача денеска министерот за финансии Фатмир Бесими
Осум милиони евра преку две кредитни линии ќе бидат вложени за поттикнување инвестиции кај домаќинствата за енергетска ефикасност и за подобрување на конкурентноста на домашните мали и средни претпријатија
Предвидливост во даночната политика – задржување на данокот на добивка од 10 отсто во следниот четиригодишен период, даночни бенефиции за извозниците преку нов закон за ДДВ, повластени стапки од 5 отсто за земјоделски производители и занаетчиите и подигнување на прагот за ДДВ обврзник на три милиони денари од 2022 година, најави министерот за финансии Фатмир Бесими за стопанството во својот четиригодишен мандат
Што побрзо враќање на патот кој ќе донесе солиден економски раст, со стапки од 4-5 проценти, достоинствени плати, создавање нови работни места, намалување на невработеноста
Тековно расположливите високофреквентни податоци за третиот квартал од годинава, упатуваат на поумерени негативни ефекти од здравствената криза врз економската активност
Органското производство минатата година во однос на 2018-та бележи раст кај житните култури за 11,15 отсто, кај лозовите насади за 40,32 отсто, на зеленчукот за 1,07 отсто и на овошјето за 32,90 проценти, но евидентира и огромен пад од 82,67 проценти кај индустриските култури, како и намалување за 31,88 проценти на фуражот
Влијанието на кризата на пандемијата КОВИД-19 достигна огромни размери на глобално ниво. Оваа криза влијаеше врз дејноста на бизнисите и истовремено има големо влијание како на економски така и на социјален аспект.