Во однос на другите правни акти кои се донесени и на кои се работи за заштита на Охридскиот Регион, Костадиновска-Стојчевска изрази задоволство од активното учество на невладиниот сектор и од нивното присуство на терен, во Струга и во Охрид
Вчера, 27 март 2024 година, амбасадорот Дејвид Гир, шеф на Делегацијата на Европската Унија, го отвори мултимедијалниот настан „Одејќи по тенки линии“ во резиденцијата на ЕУ.
Драмски театар - Скопје ја именува својата голема сцена во „Ристо Стефановски“, кој беше театролог, театарски работник, театарски историчар и долгогодишен директор на оваа културна установа (1957-1983). Беше промовирана и монографијата „Ристо Стефановски“.
Медиумската информативна агенција (МИА) во соработка со Државниот архив на Република Северна Македонија дигитализираше над 12 илјади фотографии од негативи создадени во периодот 1999-2000 година.
Македонскиот документарен филм „Патот на престапникот“ кој во изминативе две години се снимаше во КПД „Идризово“, КПУ затвор „Скопје“ и Малолетничкиот затвор „Охрид“, ќе биде премиерно прикажан пред македонската публика на 2 април во Кинотека, со почеток во 18 часот.
Филхармонијата вечер ќе одржи концерт насловен „Татковина“ под диригентство на Сашо Татарчевски, на кој ќе настапи виолинистот Бојан Илкоски.
Раководството на НУ Гостиварски театар не е задоволно од висината на износот на средства кои им се доделени за оваа година и поднесе тужба до Управен суд. Директорот на театарот Сулејман Рушити смета дека со намалениот буџет нема да се реализираат планираните пет претстави.
Паневропскиот филмски фонд „Еуримаж“ додели финансиски средства за 26 проекти од вкупно 76 пријавени на сесијата која неодамна заврши.
Со бесплатни претстави во Македонски народен театар и Драмски театар и премиера во Театар Комедија, денеска во Скопје ќе биде одбележан 27 март - Светски ден на театарот.
Ансамблот на НУ Народен театар-Битола е избран, и ќе учествува во официјалната конкуренција за награди на меѓународниот театарски фестивал Стеријино позорје во Нови Сад.