Активностите на МАНУ во изминатата година се реализираа успешно и со планираната динамика. Академијата се посвети на научноистражувачки проекти од различни области, разгледуваше и актуелни теми, а најголемо внимание им посвети на евроинтеграциските процеси, рече претседателот на Академијата Таки Фити во освртот за изминатата година од работата на МАНУ која денеска го одбележа 52-риот роденден
Универзитетската библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола промовира изложба на книги посветена на претстојниот државен празник 11 Октомври
Во присуство на многубројни гости и љубители на уметноста, синоќа во Националната галерија, објект Чифте Амам, беше отворена изложбата „Ателје – радоста на сликањето“ со која реномираниот сликар Рубенс Корубин синоќа, , одбележа два значајни јубилеја, 70 години живот и 45 години од дипломирањето на ликовната академија во Белград
Водечката европска мрежа на универзитети за културни политики и менаџмент во култура ЕНЦАТЦ и ја додели наградата за истражување во полето на културна политика и културен менаџмент за 2019 година на д-р Биљана Тануровска Ќулавковски
Книгата „Културната дипломатија на СФРЈ и културните дипломатии на државите наследнички” од д-р Васко Шутаров, која е културолошка опсервација на распадот на поранешна Југославија, ќе биде промовирана вечер од 19.30 часот во х. „Аполонија“ во Гевгелија
Со доделување награди вечер ќе заврши официјалниот дел од програмата на фестивалот посветен на дебитантски филм „Киненова“, на кој годинава се натпреваруваат седум филма кои се први или втори остварувања на режисерите
Со претставата „Импулс#волумен13“, вечер од 20 часот во Музејот на современа уметност ќе биде отворена сезоната 2019/2020 на Скопје танцовиот театар
Изложба „30 години Ликовна колонија Галичник“ ќе биде отворена вечер од 20 часот во Мултимедијалниот центар Мала станица, на која ќе биде претставен избор на дела од сите изданија на Колонијата
Палеонтолошка изложба на фосилни остатоци од слонови од пред 8 милиони години во Дисан, Неготинско, денеска беше отворена во Музејот на град Неготино. Публиката ќе може да ги погледне и фотографиите од досегашните истражувања на терен
Министерството за култура соопшти дека ги поддржува вработените во културата за остварување на нивните барања, најавува јавна расправа за колективниот договор во синдикатите во установите од културата и дека тој ќе биде применлив од 1 јануари 2020 година