Има многу малку автори за деца и млади ситуацијата во македонската литература за деца и млади навистина е алармантна, рече писателот Горјан Петревски во Кавадарци, на средбата со читатели
Шаренолик фестивал од секој аспект, од возраст на изведувачи, возраст на автори, жанрови на музика за сите вкусови и генерации, од класичен шлагер, до фанк, поп, рок, електро поп, ар-ен-би, најави денеска на прес конференција во Скопје, уметничкиот директор на фестивалот на музика „Макфест 2019“, Владимир Дојчиновски
Документарецот „Медена земја“ деновиве триумфира на два фестивала во Русија – ги освои наградите за најдобар дебитантски филм и за најдобар филм за животна средина на Интернационалниот филмски фестивал „Порака до човештвото“ во Санкт Петербург, како и гран-при за најдобар филм на интернационалниот филмски фестивал „Човек и природа“ во Иркутск, Сибир
Ракописот „Насон прочитана книга“ од авторката Соња Манџук е победник на првото издание на книжевната награда „Пегаз“ што ја доделува издавачката куќа „Арс Ламина“ за најдобар необјавен роман на годината
Филхармонијата во периодот од 1 до 6 октомври првпат ќе гостува во Израел
Со изложба на фотографии од историјата на Националната установа Центар за култура „Браќа Миладиновци“ и библиотеката во Струга денеска почнува одбележувањето на двата јубилеја, 75 години библиотека Струга и 60 години Центар за култура
Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје и Националната библиотека на Романија денеска во Букурешт ја организираат еднодневната книжевна манифестација
Документарниот филм „Медена земја“ (Honeyland) од денеска почнува со кинодистрибуција во осум градови низ земјава. Филмот кој оваа година е македонски кандидат за „Оскар“ и е во трка за најдобар документарец на Европските филмски награди, покрај во Скопје ќе се прикажува и во Кратово, Штип, Крива Паланка, Струга, Битола, Куманово, Свети Николе и Охрид
„Дали сум јас тоа име или таа слика?“ (Am I That Name or That Image?) е насловена изложбата со дела од колекцијата на Музејот на современа уметност од Солун (МОМус), која вечер од 20 часот ќе биде отворена во Музејот на современа уметност во Скопје
Прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ в сабота ќе ја изведе третата премиера оваа година – „Глембаеви“ од Мирослав Крлежа во режија на Бранко Брезовец.