Еко-свест во соработка со Општина Вевчани денес свечено ја отвори Трајната поставка за природа насловена "Патување низ природните богатства на Вевчански Извори".
Како што соопштуваат од МСУ, помеѓу бројните посетители имаше многу интернационални уметници и куратори, културни работници, љубители на уметноста, кои работат и живеат во Прага, но и посетители кои специјално допатуваа за овој настан.
Нова изложба насловена „Невидливи светови“ на Киро Урдин е отворена синоќа во Хајде, во близината на Антверпен, која ја реализира интернационалниот галерист Клаус Пас.
Улогите во претставата ги толкуваат актерите: Дамјан Цветановски, Трајанка Илиева Вељиќ, Александар Степанулески, Емилија Мицевска, Соња Стамболџиоска, Јасмина Василева, Филип Трајковиќ, Стефан Вујисиќ, Златко Митрески и Нела Павловска.
Во Културниот центар „Уметничка работилница Лазарети“ во Дубровник вечер ќе бидат прикажани двата кратки филма „Следна генерација“ и „Заглавени заедно“ на македонската уметница Тања Балаќ.
Со концерт на Воениот оркестар на Армијата, под диригентско водство на мајор Горан Илијевски, вечер започнува 47-мото издание на фестивалот на современа музика „Денови на македонска музика“, во неговиот традиционален пролетен термин.
Во рамки на Месецот на Франкофонијата, Амбасадата на Грција во Скопје вечер од 20 часот во Кинотеката организира проекција на грчкиот филм „Евтихија“ од 2019 година, во режија на Ангелос Франџис.
Во галеријата Чифте амам денеска ќе биде отворено трето продолжение од циклусот изложби „Париски рефлексии“ што, во рамки на одбележување на Месецот на Франкофонијата, го организираат Францускиот институт во Скопје и Националната галерија.
Дарко смета дека не е важно што ќе црта, според него важно е да создаде слика која понатаму ќе биде изложена и допстапна за сите.
Од Македонскиот комитет на „Еуродрам“ соопштија дека во конкуренција на 1115 пријавени дела од автори што пишуваат на некој од европските јазици се најдоа и 13 текстови напишани на македонски јазик. Изборот го направија членови од 18 посебни јазични комитети на „Еуродрам“.