Со доделување на фестивалските награди, врачување на Златна „Камера 300“ за животен опус на кинематограферот Јоргос Арванитис и со проекција на филмот „Манаки – приказна во слики“, вечерва во Битола завршува јубилејното 40. издание на ИФФК „Браќа Манаки“
Со претставата од Грција „Чист град“, вечер од 20 часот во Младинскиот културен центар ќе заврши 44. Млад отворен театар на кој годинава беа изведени 16 претстави
Меѓународен детски фолклорен фестивал „Оро без граници“ 2019 – симбол на пријателство меѓу децата по 28 пат ќе се одржува од денеска до 22 септември во организација на Детскиот културен центар – „Карпош“
„Кино око“ наведува дека договорот за копродукција со Македонската радио-телевизија е склучен по пат на учество на ТВ-проектот „Зоки Поки“ на јавен повик, кој МРТ согласно со Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го распишува по објавување на својата Годишна програма.
Организаторите и гостите на ИФФК „Браќа Манаки“ денеска ги посетија Влашките гробишта во Битола и, традиционално, положија цвеќе на гробот на Милтон Манаки.
Филхармонијата соопшти дека од денеска почна онлајн-продажба на билети кои може да се купат на веб-страницата www.filharmonija.mk.
Традиционално, по тринаесеетти пат, започна Меѓународната ликовна колонија, организирана од Детскиот ликовен центар, под покровителство на Општина Карпош
Најмладите љубители на филмот се дружеа и цртаа со Битолското чупе на црвениот тепих
ЈУ Детскиот културен центар – „Карпош “ од 19 до 22 овој месец по 28-ми го организира Меѓународниот детски фолклорен фестивал „Оро без граници“ 2019 – симбол на пријателство меѓу децата
„Светот на Биби“ добил највисоки оцени на презентацијата на Саемот на цртани филмови што се одржа во Тулуз, Франција, во сите категории по кои проектите се оценуваат на големиот Картун-форум кој собира илјадници учесници