Книгоиздателството „Матица македонска“ отвори книжарница-галерија во центарот на Скопје, спроти плоштадот „ВМРО“.
Музејот на град Скопје, по повод 70-годишнината од своето постоење, со изложбата „Скопската тврдина – симбол на градот“, гостува во Музејот на град Нови Сад, Петроварадинска Тврдина.
Во НУ Музеј на македонската борба за самостојност денеска ќе се одржи мултимедијален настан „Државотворниот печат“.
Фондацијата за македонски јазик „Небрегово“ ја објави книгата „Окружието на Конески“ од Димитар Пандев
Прва групна изложба насловена „Урбани пагани“ од избраните уметници на овогодинешниот конкурс ќе биде отворена вечер во 20 часот во Галеријата на Младинскиот културен центар
Во дворот на Кинотеката синоќа беа прикажани класичните филмови на 35 мм лента: првите филмови на браќата Лимиер од 1895 , „Кабинетот на доктор Калигари“, филм од германскиот германскиот експресионизам на Роберт Вине, и Македонска крвава свадба“ на Трајче Попов
Издавачката куќа „Агора” од Нови Сад ја објави стихозбирката „Лавиринт” од македонскиот поет Ристо Лазаров на српски јазик. Оваа книга која во Скопје излезе пред две години лани е објавена и на чешки јазик, а веќе е искажан интерес за превод и на други јазици
Филмот „Под влијание“ за Кит Ричардс вечер ќе го отвори петтиот Филмски фестивал за музички документарни филмови „Скопје синема сити“ кој до 7 септември ќе се одржува во Кинотеката
Галеријата „Остен“ вечер од 20 часот ќе организира самостојна изложба „Време е за чај” и музички перформанс на францускиот мултимедијален уметник Рено Рулман кој ќе ги претстави своите графики-цијанотипии
НТ „Антон Панов“ од Струмица утревечер премиерно ќе је изведе претставата „Пурпурен остров“ од Михаил Булгаков во режија на Наташа Поплавска, која по 21 година повторно режира во струмичкиот театар