Во рамки на „Скопско лето“ денеска од 16 часот во ТЦ Скопје сити мол ќе биде отворена фотографска изложба „Скокаме заедно“ во соработка со Амбасадата на Израел и здружението „Акта нон верба“
Долгогодишната кариера и творештво на ликовниот уметник Панде Петровски, синоќа беше потврдена со ретроспективна изложба на која во битолскиот Музеј се експонирани 100 авторски дела
Драмската програма на „Охридско лето“ за вечерва ја нуди театaрска претстава Бакхи – краток преглед на распадот по Бакхи од Еврипид, во изведба на Народниот театар од Битола
Во Културно-информативниот центар (КИЦ) вечерва е отворена изложба на фотографии насловена „Спомени од Битола-март 2019“.
Во организација на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од 4 до 24 август ќе се одржат 52. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура и 46. Меѓународна научна конференција. Официјалното отворање ќе биде на 5 август напладне во Конгресниот центар на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Охрид
Националната филхармонија ќе настапи на „Гумење“ во Крушево на отворањето на манифестацијата „Десет дена Крушевска Република“ на 1 август 2019 година
Претставата „Несоодветно за на работа“ („Not Safe for Work“) на скопскиот Драмски театар премиерно ќе биде изведена на 27 јули во Центарот за култура во Охрид, во рамки на фестивалот „Охридско лето“
Турскиот театар-Скопје утревечер премиерно ќе ја изведе претставата „Бог на масакрот“, според истоимениот текст на Јасмина Реза, во режија на Билге Емин
Градоначалникот на Крушево, Томе Христоски денеска во Министерството за култура потпиша договор за изградба на спомен-обележјето на Тоше Проески, за што од Владата се доделени десет милиони денари.
Македонскиот филм „Господ постои, нејзиното име е Петрунија“ на режисерката Теона Митевска, по селекцијата во Берлин и успесите на неколку други филмски фестивали, влегува во трка за престижната награда „Лукс“ што ја доделува Европскиот Парламент