Во Музејот на Град Скопје утревечер ќе биде отворена првата изложба на студентите од Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер. Ќе бидат претставени повеќе од 200 цртежи и макети.
Ликовните уметници Ѓорѓе Јовановиќ и Оливер Мусовиќ учествуваат на меѓународната изложба „Третиот простор (Сè што ни е заедничко“) во галеријата „Ринг“- Павилјон Мештровиќ во Загреб, што е конципирана од кураторката Јованка Попова. Изложбата е во организација на Хрватското здружение на визуелни уметници, во партнерство со CreArt мрежата.
Во Москва по петти пат се одржува Меѓународниот фестивал Арт-Балкан. Фестивалот започна на 25 април на Рускиот универзитет за технологии, дизајн и уметност „Косигин” со презентација на делата на млади уметници – победници на конкурсот „Словенскиот свет”.
Во организација на Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија денеска во Скопје ќе се одржи промоција на книгата „Струма“ – една приспивна во темнионата од Хакан Акдоган.
„Младите доаѓаат“ е насловот на концертот на Филхармонија што ќе се одржи вечерва. Со Филхармонија ќе настапат млади, талентирани музички уметници, ученици од државните музички училишта во земјава, кои се избрани по пат на аудиција, информираат од Филхармонија.
Во книжарницата на „Матица македонска“ од Скопје денеска ќе биде промовиран романот „Интернат“ од големиот украински писател Сергиј Жадан.
Збирката документарни етнолошки филмови на авторите Владимир Боцев и Елизабета Конеска денеска ќе биде промовирана во Музејот на Македонија.
Наградите им ги врачи уметничкиот директор на фестивалот, Александар Прокопиев.
„Коскена“ е најновата стихозбирка на Марина Мијаковска што излезе од печат во издание на „Дијалог“ од Скопје.
Во Гостивар на 24 мај во петок, ќе се одржи шестото издание на Меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри“. Како што информираат организаторите, се прават последните подготовки за манифестацијата, со која Гостивар го слави ликот и делото на сесловенските просветители браќата Кирил и Методиј.