Ликовните уметници Ѓорѓе Јовановиќ и Оливер Мусовиќ учествуваат на меѓународната изложба „Третиот простор (Сè што ни е заедничко“) во галеријата „Ринг“- Павилјон Мештровиќ во Загреб, што е конципирана од кураторката Јованка Попова. Изложбата е во организација на Хрватското здружение на визуелни уметници, во партнерство со CreArt мрежата.

Секоја година, голема групна изложба со дела од уметници од сите градови на мрежата CreArt се одржува во три града. Оваа година, по презентацијата на изложбата во Загреб во септември изложбата ќе се пресели во Клермон-Феран, Франција, а во декември во Лече, Италија.

Бројните кураторски концепти и изложби на Попова досега се претставени во повеќе галерии во Европа, Азија, САД. Таа е кураторка и на овогодинешниот македонски павилјон на 58. Биенале во Венеција.

Мусовиќ на оваа изложба се претставува со серијата фотографии „Место на солидарноста (градина на заедницата), a Јовановиќ со фото диптихот „Морски статуи“.

На изложбата се претставени 15 уметници од 10 градови од мрежата на CreArt.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/05/2019 11:59