Во ВИП Арена „Борис Трајковски“ денеска од 10 часот ќе биде отворен за посетители 31. Меѓународен саем на книгата, кој ќе трае до 14 мај. Работното време во седумте саемски денови е од 10 до 20 часот.
Од 1 мај почна дистрибуцијата на филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ на Теона Стругар-Митевска во Франција и поради одличниот првичен прием, дистрибутерската куќа „Пирамид“ реши во втората недела да го зголеми бројот на кината, од 72 на 96
На малата сцена на Велешкиот театар утревечер премиерно ќе биде изведена комичната претстава „Свадбата“ по текстови од американскиот автор Алан Бол и бугарскиот Антон Страшимиров, драматуршки адаптирани од Катерина Момева и во режија на Софија Ристевска-Петрушева
Кореографката Искра Шукарова до 11 мај во Вилнус ќе присуствува на Балтичката танцова платформа
Неколкугодишниот проект „Поврзување“ на Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија, оваа 2019 година се прошири и збогати со групна тематска изложба на дела од 21 уметник од двете земји
Изложба на слики „Птици (за мојата ќерка)“ од Јорданчо Кицовски вечер ќе биде отворена во Културно информативниот центар – Скопје
Со изложбата „Скопски материјални и духовни проблесоци“, Музејот на Град Скопје ќе се претстави во Панорамскиот музеј на освојувањето на градот Бурса во Турција
Благодарен што овој значаен ден за македонистиката Институтот го одбележува токму денеска, на неговиот 94-ти роденден, Стаматоски, кој е еден од составувачите на тритомниот Речник на македонскиот јазик во 1960-тите години, истакна дека има верба во „младите сили што доаѓаат“
Околу 70 домашни и странски издавачи ќе учествуваат на 31. Саем на книгата кој под мотото „Читај!“ ќе се одржува од 8 до 14 мај во ВИП Арената „Борис Трајковски“
Во организација на фолклорниот ансамбл „Љупчо Сантов“, во кочанската населба Оризари се одржа 6. меѓународен фолклорен етно фестивал „Ѓурѓовденски обичаи, песни и ора“