Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ денеска ќе го одбележи Светскиот ден на книгата и авторското право, за кој годинава светската порака ја напиша генералниот директор на УНЕСКО Одре Азуле, а националната порака – режисерот Милчо Манчевски
Со гостување на танцов ансамбл од Ханџо, Кина, вечер завршува 15. „Танц фест“
„Трио џентлмен“ составено од тројца оперски пејачи – тенорите Дејан Стоев и Јане Дунимаглоски и баритонот Кристијан Антовски ќе одржат концерт „За дамата“ вечер од 18.30 часот во Културно-информативниот центар на РМ во Софија
Во организација на Центарот за култура „Никола Јонков – Вапцаров“, синоќа во Делчево беа промовирани делата „Ј.А.С.“ и „Средби и разминувања“ од Јасмина Атанасова Симјаноска
Изложба „Икони од Музеј на Град Скопје“ вечер ќе биде отворена во Музеј на Град Скопје. Автор на изложбата и каталогот е Викторија Грозданова Коцевски, кустос советник, историчар на уметноста, а за значењето на презентираните дела ќе говорат Фросина Зафировска, в. д. директор на Музејот и проф. д-р Сашо Цветковски
Камерниот оркестар „Солисти на ФМУ“ под диригентско водство на Борјан Цанев вечер ќе одржи концерт во зградата на Филхармонијата
Во просторот „Булевар на книгите“ на издавачката куќа „Матица Ексклузив“, в среда, на 24 април, ќе се одржи промоција на третото издание на новелата „Ласа“ на авторката Наташа Димитриевска Кривошеевa
Друштвото за издавачка дејност „Македоника литера“ од Скопје го објави романот „Прашај го тато“ на чешкиот писател Јан Балабан, во превод од чешки јазик на Донка Роус и Даниела Роус Мишевска
Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ) вечер од 20 часот во галеријата на Младинскиот културен центар ќе ја отвори изложбата „Молк за …“ – трета од проектот „Поместени граници“
„Вечер на соло песни“ е насловен рециталот на вокалниот солист, бас-баритонот Милан Силјанов, кој подолго време е активен на европските музички сцени