Во книжарницата „Литература.мк“ вечер од 19 часот ќе биде промовирана книгата „Џиновска продавница за фантазии” од Бистра Георгиева, со илустрации од Моника Каретеро од Шпанија.
Министерот за култура Асаф Адеми имаше работна средба со проф. д-р Мохд Шукри Аб Јаџид, претседател и основач на приватниот Универзитет за менаџмент и наука во Малезија.
Во Францускиот институт – Скопје вечер од 18 часот ќе биде промовиран превод од романот „Малечка“ на младата швајцарска авторка и авантуристка Сара Жислер, кој го објави издавачката куќа „Или-или“.
Поетското дело насловено „Брзина на сонот“ („Il ritmo di un sogno“) од македонскиот писател Стефан Марковски е застапено во 15. издание на зборникот „Castello di Duino“.
Билетите за вториот концерт се веќе пуштени во продажба, преку продажната мрежа на www.kupikartizase.com
Истражувачкиот центар за културно наследство при Македонската академија на науките и уметностите и издавачката куќа „Матица македонска“ денеска напладне во МАНУ ќе ја промовираат монографијата „Богородица Перивлепта (свети Климент) во Охрид“ од академик Цветан Грозданов.
Македонската академија на науките и уметностите денеска ја промовираше монографијата „Богородица Перивлепта (Свети Климент) во Охрид“ – седма од десет тома избрани дела на академик Цветан Грозданов (1936-2018), кои МАНУ ги објавува со издавачката куќа „Матица македонска“.
„Патокази во пустина” која содржи илјада и еден афоризам е најновата книга на писателот Љупчо Силјановски во издание на „Везилка 2011”.
Стрип ценатрот на Македонија го распиша конкурсот за годинашниот 17 Меѓународен салон за стрип Велес за 2019 на кој право на учество имаат сите автори од цел свет, без разлика на полот и возраста.
Излезе од печат најновата книга поезија со наслов „Песни за Палестина“ на битолчанецот Панде Манојлов.