Издание во пет тома на македонски и на англиски јазик „Клучните концепти во кинеската мисла и култура“ објави „Македоника литера“. Серијата ги содржи најсуштинските мисли, концепти и фрази создадени во неколку милениуми од кинескиот народ, кои и денес се од суштинско значење за кинеската филозофија, хуманистичкиот дух, начинот на размислување и вредностите.
Манифестацијата „Град на културата“ иницирана од Министерството за култура, прифатена и поддржана од општините во Македонија, почна да се реализира во 2004 година и од тогаш 15 години континуирано, општините учествуваат во културниот натпревар на идеи преточен со презентација на бројни јавни настани.
Во Џебното кино на Младинскиот културен центар вечер од 19 часот ќе биде промовирана збирката раскази „Понор“ од Златко Ѓелески, во издание на „Бегемот“.
Промоција на книгата „Воздигање над облаци” на проф. д-р Ѓорѓи Филипов, ќе се одржи денеска напладне во кино Култура, Скопје.
До донесување на новиот закон за остварување на јавниот интерес во културата веднаш да се пристапи кон промена и дополнување на постојниот закон за културата во делот на одредбите со кои се регулира финансирањето на културата.
Во светот денеска се одбележува Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, кој УНЕСКО го прогласи на 30-тата сесија на Генералната конференција во 1999 година. Во 2000 година 21 февруари е промовиран како Ден на лингвистичка и културна разновидност и мултилингвизам.
Дваесет и пет македонски филма реализирани минатата година со поддршка на Агенцијата за филм ќе бидат прикажани од 22 до 24 февруари во кино „Фросина“ на ревијата „Златна рамка“ која ја организира Друштвото на филмските работници на Македонија-ДФРМ.
Министерот за култура Асаф Адеми денеска имаше средба со дел од апликантите чии проекти поради формални недостатоци беа одбиени на годишните конкурси за проекти од национален интерес во културата за 2019 година. На средбата, како што соопшти Министерството за култура, тој им ја објасни постапката на разгледување на пријавите и причините за одбивање на нивните пријави.
Младинскиот ансамбл на културно-уметничкото друштво „8 Октомври“, што функционира во рамки на Националната установа Центар за култура Крива Паланка, интензивно се подготвува за планираниот настап на 14-тиот Интернационален детски фолклорен фестивал „Чинарчик Јелоуа“ во Република Турција.
На повеќе локации во Скопје деновиве се одвива снимањето на документарните филмови на втората генерација „Докуникулци“ на МакеДокс. Премиерата на филмовите ќе се одржи на десеттото издание на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“, од 21 до 28 август во Скопје.