Четириесетина дела – слики, графики и цртежи ќе претстави младиот уметник Марко Вујисиќ на самостојната изложба „Формите на градот“ која вечер од 20 часот ќе биде отворена во галеријата „Акантус“.
Во Младинскиот културен центар вечер од 20 часот ќе биде доделена првата годишна награда за стрип „Лифт“. На изложбата и во публикацијата која е отпечатена по тој повод ќе бидат претставени деветте стрипови кои од 30 пристигнати се оценети за најдобри во 2018 година.
Советот на Општина Центар денеска на 23-тата седница ја прифати иницијативата на МАНУ за поставување спомен-обележје на Горан Стефановски. Споменикот на познатиот драмски автор и член на МАНУ, кој почина на 27 ноември минатата година, ќе биде поставен на триаголниот парк во Дебар Маало, спроти ресторанот „Идадија“.
Поетесата Оливера Доцевска вечерва со книжевниците, поети и литературни дејци од Крива Паланка дебатираа на тема „Предизвиците на современото литературно творештво”.
Балетот во два чина „Ана Каренина“ со одбрана музика од рускиот великан Петар Илич Чајковски на сцената на МОБ на 8 февруари 2019, со почеток во 20.00 ч.
Триесет и шест романи се пријавени на 20-тиот конкурс за наградата „Роман на годината 2018“, која ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“.
Почнаа подготовките за одржување на познатиот Фестивал на забавни мелодии „Макфест“-Штип.
На Малата сцена на Театарот „Јордан Х.К-Џинот“ во Велес утревечер со почеток во 20 часот ќе гостува испитната претставата „Шекспиријада“ на студентите по актерска игра од Универзитетот за аудиовизуелни уметности „ЕФТА“ од Скопје од класата на проф. Дејан Пројковски.
„Бесмртност“ е насловен симфонискиот концерт на Македонската филхармонија вечер од 20 часот, кој ќе биде посветен на творештвото на Лудвиг ван Бетовен. Диригент на концертот е Сашо Татарчевски.
Георгиевски речиси сиот свој професионален животен ангажман го има минато со иконите, грижејќи се за нив како за свои родени деца. Тоа без исклучок го знаат сите што го познаваат, секој кој имал каква било врска или контакт со византиската уметност на овие простори.