Советот на Меѓународниот фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“ реагира на веста дека оваа национална манифестација што го негува изворниот мелос по 45 години ја нема во програмата на Министерството за култура за оваа година. Односно, не доби ниту денар за активностите.
Филмот на Теона Стругар Митевска, „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ беше оценуван од жирито на Screen Media во Берлин, при што доби одлични првични резултати.
Пет од деветте комисии кои денеска ги преразгледуваат одбиените апликации од конкурсот за поддршка на проекти во културата во 2019 година, со допис до медиумите информираат дека предвиден е буџет доколку има новооодобрени проекти.
Во сабота, 16 февруари со почеток во 20.00ч. во Македонската опера и балет ќе се изведе романтичарската опера „Хофманови приказни“ на Жак Офенбах, во која поетот Хофман ги раскажува своите вонвременски приказни за љубовта.
Во Министерството за култура денеска треба да бидат разгледани одбиените апликации на годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2019 година.
Целта е на средбата е да се продлабочи соработката со Маркетот и потребата од македонски промотивен штанд со цел да се постигне поголема видливост и промоција на нашата најнова филмска продукција што е особено значајно за кинематографиите што доаѓаат од малите земји.
Сите проекти, сите апликации за кои има трошка сомнеж ќе бидат отворени пред јавноста, и сите апликанти кои се одбиени пак ќе се анализираат, тоа го побарав од Комисијата, тоа го имаат прифатено и утре од 10 часот ќе почнат со работа, вели министерот за култура Асаф Адеми по реакциите во јавноста за резултатите од годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2019 година.
Непосредна и комуникативна, па разговорот за нејзиниот живот и творештво ни тече во еден здив во кој говори за своите први чекори во сликарството, а талентот е наследен од нејзиниот татко, кој цртал на стакло.
Филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ на режисерката Теона Стругар-Митевска денеска од 16 часот премиерно ќе биде прикажан на Берлинскиот филмски фестивал во официјална конкуренција за наградата „Златна мечка“.
На состанокот со Харалд Третенбрејн и Луциа Рикалдо, кои се челните луѓе на европската канцеларија на „МЕДИА Креативна Европа“ со македонскиот министер за култура Асаф Адеми и директорот на Агенцијата за филм Горјан Тозија беше разговарано за можностите и критериумите со кои нашите проекти би добиле поголема поддршка од програмите на овој европски фонд.