Осмото издание на меѓународната манифестација „100 илјади поети за промена“ ќе се одржи вечер во Струмица во организација на Глобалното движење „100 илјади поети за промена“, во соработка со здружението „Контекст – Струмица“.
Во рамки на одбележувањето 50 години Светска галерија на карикатури, галеријата „Остен“ денеска промовираше публикации од својата издавачка дејност, а како дел од видеопродукцијата прикажа и документарен филм снимен по повод јубилејот.
Книгата „Јазичен триптихон“ („Езиков триптих“) од Славе Ѓорѓо Димоски излезе од печат во издание на „Skalino“ од Софија, во превод на бугарски јазик.
Новата книга од Румена Бужаровска, збирката раскази со наслов „Не одам никаде“, ќе биде промовирана денеска во кино „Фросина“ во МКЦ.
НУ Спомен куќата на Мајка Тереза и Институтот за духовно и културно наследство на Албанците во Република Македонија, денеска потпишаа меморандум за соработка.
„Охридско лето“ во рамки на активностите што ги спроведува надвор од редовната фестивалска програма, организира голем солистички концерт на пијанистот Емануеле Арчиули, еден од најоригиналните и интересните изведувачи на денешната класична музичка сцена.
Друштвото на писатели на Македонија (ДПМ) го распиша конкурсот за доделување на традиционалните награди на македонската писателска асоцијација за најдобри остварувања во 2018 година.
Новините во Предлог-законот за остварување на јавниот интерес во културата носат неколку суштински измени на нормативното регулирање на остварувањето на поширокиот интерес во културата, кои ќе овозможат правна основа за развој и унапредување на условите за уметничко творење и вршење на дејностите во културата.
Министерот за образование и наука Арбер Адеми и директорката на Меѓународната школа на холокаустот при „Yad Vashem“ во Јерусалем потпишаа заедничка Декларација за соработка меѓу двете инситуции со која се продлабочува билатералната соработка во областа на образованието помеѓу Македонија и Израел.
Министерот за култура Асаф Адеми денеска оствари работна средба со амбасадорката на Австрија во Република Македонија, Ренате Коблер.